Штајнхудско Езеро
Штајнхудско Езеро (познато и како Штајнхудер Мер; германски: Steinhuder Meer) — езеро во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, сместено околу 30 километри северозападно од градот Хановер. Именувано е по блиското село Штајнхуде. Со неговата површина од 30 км2 претставува најголемо езеро во северозападниот дел на Германија. Сепак, истото е многу плитко, со просечна длабочина од само 1,35 метри и максимална длабочина од 3 метри. ГеологијаЕзерото се создало по топењето на ледниците од последното ледено време. Постојат две теории кои наведуваат како точно се создало самото езеро. Едната вели дека ледниците направиле дупка, која се исполнила со стопената вода. Другата теорија наведува дека ледена бура создала дупка и се појавиле подземни води, поради што се создало езерото.[2] На средината постои мал вештачки остров на кој има тврдина од XVIII век, Вилхелмштајн (Wilhelmstein). Денес, езерото е дел од природен парк и се користи за рекреација. ОстровиЕзерото има два вештачки острови:
ТуризамЕзерото е омилено одредиште за мештаните, но и за други летувалци. До три брода нудат крстосувања; но се користат и помали бродови, кои возат по посебен распоред. Велосипедска патека (долга околу 35 км) го обиколува езерото, минувајќи низ разни пејзажи. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia