Штолберг (округ)За други значења на поимот, погл. Штолберг (појаснување).
Штолберг (германски: Stollberg) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) слободниот град Кемниц, и окрузите Средни Рудни Планини, Анаберг, Ауе-Шварценберг, Цвикау и Кемниц. ИсторијаОкругот потекнува од Amtshauptmannschaft Stollberg, кое било основано во 1910 година. Во 1939 година, бил преименуван во округ (Landkreis). Во 1950 година округот бил распуштен и неговите општини биле назначени на соседните окрузи Ауе, Кемниц и Цвикау. Меѓутоа, две години подоцна во друга окружна реформа, повторно бил создаден, со незначителни разлики. Во општинската реформа од 1994 година, кон округот биле припоени определени општини од округот Кемниц и градот Цвениц од округот Ауе. На 1 август 2008 година, бил припоен кон новиот округ Рудни Планини. ГеографијаОкругот се наоѓал на северозападните падини на Рудните Планини. ПартнерствоОд 1990 година, округот има партнерство со округот Фирт во Баварија. ГрбЛевата половина на грбот го покажува симболот на Грофовијата Шенберг - тоа покривало најголем дел од областа на округот. На десно е царскиот орел симболизирајќи го „Pleissenland“, царски имот. Боите на десната страна се исто така идентични со оние на Мајсен, како другиот дел на округот, кој историски припаѓа на Грофовијата Мајсен. Градови и општини
Надворешни врски
50°42′36″N 12°46′48″E / 50.71000°N 12.78000°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia