Герлиц (округ)
Герлиц (германски: Landkreis Görlitz) — округ во Саксонија, Германија. Именуван е по неговиот главен град Герлиц. Се граничи (од запад надесно) со округот Бауцен, сојузната покраина Бранденбург, со Полска и Чешка. ИсторијаОкругот бил основан во август 2008 со спојување на трите помали окрузи: округот Лебау-Цитау, Долношлеска Горна Лужица и слободниот град Герлиц. ГеографијаОкругот се состои од југоисточниот дел на Лужица и западниот дел од Шлеска, вклучувајќи дел од Лужичките Возвишенија. Лужичка Ниса создава дел од источната граница, додека Шпре тече низ западниот дел на округот. ГрбГрбот на округот Герлиц содржи симболи од државите кои некогаш владееле со округот. Црниот орел со полумесечина на градите се однесува на Шлеска. Крунисаниот лав со две опашки се однесува на Бохемија. Ѕидот се однесува на градот Бауцен и Горна Лужица и лисјата од липа се однесуваат на лужичката заедница. Градови и општини
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia