Шумска треперка
Шумската треперка (науч. Anthus trivialis) е мала врапчевидна птица од семејството на тресиопашките (Motacillidae), родот на треперките (Anthus); која се размножува низ умерена Европа и Азија, и северозападна Африка. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница што зимува во тропска Африка и Азија. ОписОваа мала треперка е слична на ливадската треперка. На земја е незабележлива заради нејзините бои, прошарани со кафеаво одозгора и црни ленти, бел стомак и кремави гради со потемни вертикални линии. Се разликува од ливадската по тоа што е малку поголема, по потешкиот клун и посилниот контраст меѓу кремавите гради и белиот стомак. Шумската треперка почесто се перчи на гранките од дрвјата. Повикот ѝ е силно спик. Песната при летот ѝ е непогрешлива. Птицата полетува на кратко растојание нагоре од дрвото, а потоа со вкочанети крилја полека се спушта надолу, кога песната со приближувањето станува сè поразвлечена. ПоведениеЖивеалиштето на шумската треперка се шумите и грмушките. Претпочитаат пустари, или брезови шуми, со ниски грмушки, со треви и во близина да има потоци. Таа е птица преселница која се размножува од почетокот на мај до август, а се сели во Африка на почетокот од септември. Гнезди на земја, во тревата и несе 4-8 јајца. Се харанат со безрбетници кои ги пронаоѓаат пасејќи во тревата, но исто така, јадат и семиња. СистематизацијаВидот Anthus trivialis има 4 подвида:
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia