Шумска чучурлига
![]() Шумската чучурлига е единствена од семејството на чучурлигите во родот Lullula. Спаѓа во редот на врапчевидните птици. Ја има во Македонија. РаспространетостШумските чучурлиги се простираат во поголемиот дел на Европа, средниот исток на Азија и планините на северна Африка. Оние што живеат во посеверните и постудени предели се птици преселници. Живее во планински предели, а претпочита борови шуми. ОписДолжината на телото е околу 15 см, распонот на крилјата 30 см и тежи околу 25 гр. Перјата и се карактеристични за родот - маскирни со кафени, црни и жолти нијанси. И таа, како другите чучурлиги оди по земјата, а не потскокнува. Нема изразен полов диморфизам, односно половите не се разликуваат. За време на парење, лета пеејќи, над 100 м надморска височина. ГнездењеГнездото го прават на земја, добро сплетено од суви треви. Несат 4-6 бели, но испркани со кафени, сиви и црни точки, јајца, со големина 21х16 мм. Ги инкубираат 13–15 дена, а потоа младенчињата се развиваат брзо и по околу 14–15 дена го напуштаат гнездото. Родителите ги хранат претежно со инсекти. Годишно може да одгледаат 2 легла. Наводи
Надворешни врски
Дополнителна литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia