„Братство“ (весник)„Братство“ ― орган на Првата македонско-косовска ударна бригада.[1] Почнал да излегува на 1 декември 1943 година ѝ бил уредуван од Агитационо-пропагандната комисија при Штабот на бригадата. Бил умножуван на циклостил, на 10 до 16 страници во голем формат. Бил умножуван во тираж од 150-200 примероци.[1] Статиите и дописите биле печатени на македонски и српски јазик. Имал постоајни рубрики од животот и борбите на бригадата, младинска рубрика, ликови на паднати борци, соопштенија и наредби на Штабот на бригадата и слично. По разделувањето на бригадата на две бригади и по оформувањето на Првата македонска ударна бригада и Првата косовско-метохиска ударна бригада, весникот „Братство“, станал орган на Првата косовско-метохиска ударна бригада.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia