1265
|
Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата.
|
1327
|
Високото благородништво го принуди англискиот крал Едвард II да абдицира во корист на синот Едвард III.
|
1649
|
Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна.
|
1667
|
По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Днепар.
|
1921
|
Прогласен е првиот устав на Турција.
|
1936
|
Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство.
|
1936
|
Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја.
|
1936
|
Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп - Велес во должина од 86 километри.
|
1941
|
Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по третпат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД.
|
1945
|
Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче.
|
1961
|
Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43 година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја.
|
1970
|
По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори.
|
1981
|
Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја.
|
1981
|
По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници.
|
1992
|
Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот.
|
1996
|
На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран водач на палестинскиот народ.
|
2001
|
Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција.
|
2011
|
На космодромот Бајконур е лансиран „Електро-Л“ — првиот функционален метеоролошки сателит на Русија.
|
2017
|
Доналд Трамп станува 45. претседател на САД со силна народна поддршка.
|
2021
|
Џо Бајден станува 46. претседател на САД.
|