Вангел Ајановски - Оче
Вангел Ајановски - Оче (5 февруари 1909 – 19 мај 1996) — деец на македонското национално движење (НОД) од Егејска Македонија, основач и раководител на Македонската антифашистичка организација (МАО) Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО). Во работничкото движење на Грција учествувал од 1928 година, како член на ОКНЕ. Во периодот меѓу двете светски војни бил член на Комунистичката партија на Грција (КПГ) и секретар на реонскиот комитет за Воден во 1941 година.[1] Во 1942 година во Воден ја основал МАО. Во 1944 година бил заменик на политичкиот секретар на Прва егејска ударна бригада, а во наредната 1945 година, на 20 јануари ја формирал и раководел организацијата ТОМО. Во пролетта (месец април), истата година станал секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско, а потоа од мај 1947, бил член на Извршниот одбор и организационен секретар на Централниот совет на НОФ на Македонците од Егејска Македонија. Во периодот од летото 1942 до октомври 1943 го уредувал весникот „Црвена Ѕвезда“.[2] Вангел Ајановски, пред повеќе од триесетина години, го подарил оригиналниот примерок од прочуениот Абецедар, на Државниот архив на Македонија.[3] Творештво
Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia