35 Левкотеја
35 Левкотеја (ознака за мала планета: 35 Левкотеја ) е голем, темен астероид од астероидниот појас. Откриен е од германскиот астроном Роберт Лутер на 19 април 1855 година, и е именуван по Левкотеја, морска божица во грчката митологија. 35 Левкотеја е астероид од типот C во системот Толен класификација,сугерирајќи јаглероден состав. Кружи околу Сонцето со период од 1887.983|ден|година и има големина на пресек од 103,1 km Фотометриски набљудувањата на овој астероид од опсерваторијата Орган Меса во Лас Крусис, Ново Мексико во текот на 2010 година дадоа светлинска крива со вртежен период од 31,900 ± 0,001 часа и варијабилност на осветленоста од 0,42 ± 0,04 во магнитуда. Ова е во согласност со претходните студии во 1990 и 2008 година[1]. Пресметаното Лјапуновско време за овој астероид е 20.000 години, што покажува дека тој зафаќа хаотична орбита која случајно ќе се промени со текот на времето поради гравитациските пертурбации на планетите[2]. Наводи
Надворешни врски
]] ]] |
Portal di Ensiklopedia Dunia