5 (скопска автобуска линија)
Линија 5 — редовна дневна и ноќна автобуска линија во Скопје, управувана од претпријатието ЈСП Скопје. Оваа автобуска линија сообраќа од населбата Ново Лисиче во Аеродром до населбата Дексион во Ѓорче Петров и обратно, минува низ 34 автобуски постојки, должината е 14,2 километри и е во времетраење од околу 90 минути. ТрасаЛинијата почнува во близина на паркот Лисиче во Ново Лисиче. Продолжува по булеварите „Февруарски поход“ и „В. С. Бато“, го заобиколува Ново Лисиче и продолжува кон населбите Јане Сандански и Аеродром по булеварот „Јане Сандански“. Застанува кај трговските центри Бисер и Капитол и продолжува кон населбата Острово каде застанува кај трговскиот центар Скопјанка. Линијата продолжува по булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, проаѓа под Железничката станица и Народна банка на Македонија и продолжува кон булеварот „Кочо Рацин“. Од таму врти кон градската болница и низ ул. „Димитрие Чуповски“ минува низ Рекорд. Од таму се приклучува на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и минува низ населбите Капиштец, Тафталиџе 1 и 2 и Козле. По улицата „Војвода Васил Чакаларов“ го проаѓа Железниот мост и преминува на другата страна на реката Вардар и поминува низ населбата Влае.
На кружниот тек кај Порта Влае се приклучува на улицата „Ѓорче Петров“ и продолжува по истата сè до улицата „Кузман Шапкарев“ во Дексион каде се наоѓа нејзиниот терминус.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia