H.E.R.
Габриела Сармјенто Вилсон (англ. Gabriella Sarmiento Wilson; родена на 27 јуни 1997 година), естрадно позната како H.E.R. (се изговара „Хер“ и е акроним од англиските зборови „Having Everything Revealed“) ― американска пејачка и музичарка. Освоила: Оскар, Еми-награда за деца и семејство и пет Греми-награди, а исто така била предложена за: награда Златен глобус, три Американски музички награди и четири Билбордови музички награди. Живот и кариераГабриела Сармјенто Вилсон[1][2] е родена на 27 јуни 1997 година, во Ваљехо, Калифорнија.[3] Мајка ѝ била Филипинка, а татко ѝ Афроамериканец. Детството го поминала во Заливската Област на Сан Франциско. Членовите на нејзиното поширокото семејство биле музичари и пејачи кои често свиреле за караоке забави.[4] Музичката кариера ја започнала на десетгодишна возраст, кога под името Габи Вилсон пеела туѓи песни на музички ТВ-емисии[1] и во театри.[5][6] Глумечката кариера ја почнала на 9-годишна возраст, со улога во телевизискиот филм School Gyrls.[7] Во тоа време со нејзината кариера управувала компанијата Overbrook Entertainment во сопственост на Вил Смит.[7] Во 2011 година, Вилсон потпишала договор за снимање со RCA Records. Во 2014 година, под нејзиното вистинско име го објавила нејзиниот прв сингл „Something to Prove“.[7][8] 2016–2019: Пробив на музичката сцена![]() Во 2016 година Вилсон го усвоила нејзинот уметничко име H.E.R. и на 9 септември 2016 година го објавила нејзиниот прв мини-албум H.E.R. Vol. 1. На 16 јуни 2017 година го издала нејзиниот втор мини-албум под наслов H.E.R. Vol. 2. На 13 октомври 2017 година го издала H.E.R. Vol. 2, The B Sides. Компилацискиот албум H.E.R. бил објавен на 20 октомври 2017 година и ги содржел песните од трите претходно издадени мини-албуми во оваа серија. На доделувањето на Греми-наградите во 2019 година албумот ја добил наградата за „Најдобар R&B албум“ а H.E.R. била номинирана за уште четири други награди, меѓу кои и за албум на годината и за најдобар нов изведувач.[9] Во септември 2018 година Вилсон ја најавила турнејата „I Used to Know H.E.R.“ како поддршка на нејзините два мини-албума: I Used to Know Her: The Prelude и I Used to Know Her: Part 2.[10][11] Нејзиниот втор компилациски албум I Used to Know Her бил објавен на 30 август 2019 година.[12] Албумот добил пет номинации за Греми, вклучувајќи ги номинациите за: „Албум на годината“ и „Песна на годината“ за синглот „Hard Place“. На 5 октомври 2019 година настапила на фестивалот Rock in Rio во Рио де Жанеиро. На истиот фестивал меѓу дугите настапиле и: Дрејк, Фу Фајтерс, Бон Џови, Ред Хот Чили Пеперс, Ајрон Мејден, Пинк и Мјуз.[13] 2020 – денес: Back of My Mind и глумечка кариера![]() Во 2021 година, ја освоила нејзината трета Греми-награда за песна на годината за синглот „I Can't Breathe“. Истата година, нејзината песна „Fight for You“ (издадена за филмот Јуда и црниот месија) освоила Оскар за најдобра оригинална песна и ја освоила наградата „Греми за најдобра традиционална R&B изведба“. Во 2022 година, за нејзиниот придонес во анимираната детска серија на Барак и Мишел Обама, Ние луѓето - H.E.R. освоила „Еми награда за деца и семејството“. Нејзиниот прв студиски албум, Back of My Mind, бил објавен на 18 јуни 2021 година. Во август 2021 година, било објавено дека Вилсон е во финални преговори за да дебитира во долгометражен филм, играјќи ја улогата на Сквик во филмската адаптација од 2023 година на Бојата на пурпурот.[14][15] На 30 ноември 2021 година, на музичките награди од Apple H.E.R. ја добила наградата за текстописец на годината.[16] На 13 февруари 2024 година, H.E.R. објавила дека потпишала нов договор за управување со Lighthouse Management + Media, чиј основач Алин Кешишијан ги застапува и пејачките Оливија Родриго и Селена Гомес.[17] ДискографијаСтудиски албуми
ФилмографијаФилм
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia