Греми-награда за најдобар нов изведувач
![]() Наградата Греми за најдобар нов изведувач се доделува од 1960 година.[1] Годината ја претставува годината во која биле доделени Греми-наградите за дела објавени во претходната година. Многумина освојувањето на наградата за најдобар нов изведувач ја сметаат за проклетство, бидејќи многу музичари кои ја освоиле оваа награда не успеале да го повторат успехот што го постигнале во годината на нивното деби,[2][3] како: Меган Трејнор, Меган Ти Сталион и Bon Iver, чија кариера се соочила со застој по добивањето на наградата во оваа категорија; сепак многу музичари го скршиле проклетството, на пример: The Beatles, Мараја Кери, Алиша Кис, Кристина Агилера, Evanescence, Трејси Чепмен, Адел, Maroon 5, Сем Смит, Џон Леџенд, Дуа Липа и Тејлор Свифт. Од 62 изведувачи кои ја добиле наградата од нејзиното основање, 31 биле соло-пејачки, 19 биле групи и 12 биле соло-пејачи. Половина од соло-пејачите ја добиле наградата во првата деценија; од 1970 година само шест соло-пејачи ја освоиле наградата, а последен бил Chance the Rapper во 2017 година. Од 1997 до 2003 година и повторно од 2018 до 2024 година, победувале само соло-пејачки. Само два изведувачи не ја добиле добиле награта за Најдобар нов изведувач, но истата година ја добиле награда за албум на годината: Вон Мидер во 1963 година и Аланис Морисет во 1996 година. Оваа категорија се истакнува и по тоа што била единствена категорија во која била одземена наградата Греми. Ова се случило во 1990 година, откако било откриено дека победниците Milli Vanilli всушност не пееле на нивниот деби-албум.[4] Наградата подоцна им била одземена, но не била доделена на друг музичар.[5] Од друга страна, Леан Рајмс бил прв кантри-музичар (и најмлад во историјата) кој ја добил оваа награда.[6][7][8] Во 2018 година, Алесија Кара била прв канадски музичар во историјата кој ја освоил оваа награда. Во 2020 година, Росалија станала прв шпански музичар во историјата номиниран за оваа награда, со деби-албум на шпански јазик. Осум музичари кои биле номинирани за најдобар нов изведувач подоцна освоиле Греми-награда за животно дело: Битлси (1965, 2014), Чикаго (1970, 2020), Cream (1969, 2006), Jefferson Airplane (1968, 2016), Антонио Карлос Жобим (1965, 2012), Led Zeppelin (1970, 2005), Леонтина Прајс (1961, 1989) и Џон Прајн (1972, 2020). Добитници2020-ти
2010-ти
2000-ти
1990-ти
1980-ти
1970-ти
1960-тите
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia