Subversion
![]() Subversion — систем со отворен код за контрола на верзии.[1] Со него може да се управуваат податотеки и именици, како и промените што се прават над нив. На него може да се гледа како на „временска машина“ со која може да се гледаат верзиите на документите во одредено време и да се следи текот на нивните промени. Тој претставува општ систем за контрола на верзии со кој може да се управуваат различни видови на податотеки. Овој систем може да работи низ локални мрежи и Internet, користејќи различни безбедносни и мрежни протоколи, што го прави лесен и практичен за употреба од страна на различни луѓе кои работат на различни компјутери. Можноста различни луѓе да користат, менуваат и управуваат исто множество на податоци од различни локации наметнува колаборација. Тоа практично значи дека процесите може да се одвиваат побрзо, бидејќи не постои единствен канал преку кој мора да поминат сите промени. Бидејќи работата на сите корисници е зачувана во соодветни верзии, не постои опасност за губење на податоците во случај на грешка. Дефиницијата за колаборативни компјутерски системи потполно го опфаќа Subversion:
Со овој систем е овозможена колаборацијата на луѓето кои го користат, а сето тоа е реализирано со соработка на компјутерски системи.
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia