SunExpress
SunExpress (турски: Güneş Ekspres Havacılık A.Ş.) — авиокомпанија заснована во Анталија, Турција. Оперира на редовни и чартер одредишта низ Европа. Главна база на авиокомпанијата е аеродромот во Анталија. Историја![]() ![]() Авиокомпанијата беше основана во октомври 1989. Операциите ги започна во април 1990 со чартер летови помеѓу Анталија и Франкфурт. SunExpress беше основана со заеднички капитал на Луфтханза и Turkish Airlines. Во 1995, Луфтханза го продаде својот дел од акциита на Condor Airlines, за да ги раководи сите летови кон туристички места во една единствена авиокомпанија. Во февруари 2007 акциите на Condor беа повторно откупени од страна на Луфтханза. Авиокомпанијата пренесе околу 2.358.000 патници во 2007. Со 617 вработени, авиокомпанијата е најголемиот работодавец во Анталија. SunExpress оперира со флота од 14 авиони со просечна старост од 8.6 години и со капацитет на седишта од 2.796 седишта. SunExpress е единствената авиокомпанија во Турција која е ISO 9001, ISO 14001 и Ohsas 18001 сертифицирана. SunExpress придонесува кон развојот на туризмот во Анталија со активно членство во Организацијата за промоција на туризмот во Анталија и проектот: одредиште Измир. ОдредиштаОдредишта од главната база: Анталија
Одредишта од Измир:
Одредишта од Истанбул (аеродром Сабина Гокчен): Одредишта од Бурса: Флота[1]
|
Portal di Ensiklopedia Dunia