Салцбург
Салцбург (правилно: Залцбург, (германски: Salzburg) — четврти град по големина во Австрија, сместен во средишниот дел на државата. Претставува административен, економски и културен центар на истоимената покраина Салцбург. Салцбург е познат по барокниот стил, еден од најзачуваните во Средна Европа. Поради тоа, градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така, познат е и како "град на класичната музика", благодарение на Волфганг Амадеус Моцарт, кој се родил токму овде. Салцбург е познат и по блискоста на Алпите и познатите алпски зимски центри, па затоа го викаат „Врата на Алпите“. ГеографијаСалцбург се наоѓа во средниот дел на Австрија, на околу 15 километри од границата со Германија, така што тој е најблизок поголем град на германскиот Минхен, оддалечен 150 километри. Според релјефот, сместен е во подножјето на Алпите. Климата е умереноконтинентална со благо влијание на планинска клима поради близината на планините. Водите ги застапува реката Залцах која тече низ градот. НаселениеСо 150.000 жители Салцбург е четврт град по големина во државата. Околината на градот има повеќе од 210.000 жители. Треба да се напомене дека тука живеат и работат многу студенти и работници од разни места на светот и секојдневно градот е посетен од илјадници туристи. Салцбург како тема во уметноста и во популарната култураСалцбург се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia