Terrifier 3
Terrifier 3 (се чита: Терифаер 3),[4] неофицијално Ужасител 3[5] — американски божиќен слешер на Дејмиен Леоне, продолжение на филмот „Terrifier 2“ (2022). Лорен Лавера, Елиот Фалам, Дејвид Хауард Торнтон и Саманта Скафиди се вратиле на своите улоги од претходните два филма. Заплетот сè уште се сосредоточува на кловнот Арт; „Ужасител 3“ е четврти филм со негово учество (вклучувајќи ја и киноантологијата „Ноќ на сите светци“) и трет филм во истоимената кинофраншиза. Светската премиера се одржала на 19 септември 2024 г. на фестивалот Fantastic Fest. Филмот се појавил во американските кина на 11 октомври 2024 г., а на македонските на 10 октомври истата година.[6] СодржинаОткако го преживеале колежот на кловнот Арт на Ноќта на вештерките, Сиена и нејзиниот брат се борат да ги обноват своите уништени животи. Како што се наближува празничната сезона, тие се обидуваат да го прифатат божиќниот дух и да ги остават ужасите од минатото зад себе. Меѓутоа, токму кога ќе помислат дека се безбедни, Арт се враќа, решен да ја претвори нивната празнична веселба во нов кошмар.[7] Улоги
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia