The Flaming Lips ― американскa рок група формирана во 1983 година во Оклахома Сити. Во состав на групата денес се: Вејн Којн (вокал, гитара, бас, клавијатури), Стивен Дрозд (бас, гитара, клавијатури, тапани, вокал), Дерек Браун (гитари, клавијатури, удирачки инструменти), Мет Дакворт Киркси (клавијатури, удирачки инструменти, тапани ) и Николас Леј (тапани, удирачки инструменти). Којн и Дрозд се единствени постојани членови на групата од 1991 година, а Којн е единствен преостанат основачки член по заминувањето на басистот и клавијатурист Мајкл Ајвинс во 2021 година.
Групата снимила неколку албуми и EP со независната дискографска куќа, Restless, во 1980-тите и раните 1990-ти. По потпишувањето со Warner Brothers, тие ја објавиле плочата Hit to Death in the Future Head (1992). Нивниот албум од 1993 година Transmissions from the Satellite Heart го содржел хит-синглот „She Don't Use Jelly“ со кој групата се пробила на поп-листите. Подоцна го издале The Soft Bulletin (1999), кој списанието NME го прогласил за албум на годината, по кој следел албумот Yoshimi Battles the Pink Robots (2002) кој добил пофалби од критиката. Во февруари 2007 година, на БРИТ наградите биле номинирани за „Најдобар меѓународен изведувач“. Групата освоила три Греми награди, а две од нив се за најдобра рок инструментална изведба. Во 2002 година, списанието Q ги ставило на нивниот списо од „50 групи кои треба да ги погленете пред да умрете“.