„Tik Tok“ (стилизирано како „TiK ToK“) — првата песна на американската пејачка Кеша. Песната била снимена од Бени Бланко и Д-р Лук и напишана во соавторство со Бланко, Д-р Лук и Кеша. Била издадена на 7 август 2009 како водечки сингл од првиот студиски албум на Кеша наречен Animal. Првиот стих на песната започнува со искуство кое Кеша го имала кога се разбудила опкружена со жени и веднаш помислила на истото искуство доживеано од Диди. Искуството ја поттикнало да ја напише песната со нејзиниот продуцент Д-р Лук, кој му се јавил на Диди надевајќи се на соработка; тој отишол во студиото истиот ден и го снимил неговиот текст и песната била завршена.
Според Кеша, текстот на песната го прикажува нејзиниот живот; пораката на песната е поттик кој го поттикнува слушателот да биде храбат и да не дозволи ништо да го турне долу. „Tik Tok“ е денс-поп и електропоп песна која користи кратки ритми од видео игрите кои се прикажани со удари со раце и синтисајзери. Текстот е испеан во рап стил, а рефренот користи Авто-Тон. Музички, песната била споредена со Лејди Гага, Уфи и Ферги.
Песната добила помешани и позитивни оценки од неколку критичари за време на издавањето. Некои од нив го пофалиле текстот и славењето на начинот на живот во кој Кеша постојано учествувала во забава; продукцијата на песната била добро прифатена иако некои ја критикувале песната поради нејзиниот многу сличен звук со песните од Лејди Гага и Уфи. Добила голем комерцијален успех искачувајќи се на првите место во единаесет земји. Во САД, песната го срушила рекордот за најпродаван сингл во една недела од женски со продажби од 610.000 диигитални примероци во една недела. „Tik Tok“ добила 5× платинска сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка (RIAA) за 5.900.000 продадени копии во САД. Песната исто така била најдобро продаваниот сингл во светот за 2010, продавајќи 12.8 милиони копии само таа година.
Музичкото видео за песната било режирано од Синдром. Започнува со Кеша која се буди во бања во дом кој не е нејзин, а потоа следат сцени во кои таа е прикажана на различни забави. На крајот видеото повторно ја прикажува Кеша која повторо легнува да спие, но овојпат во друга бања. Песната била изведена и прераборена од неколку артисти неколкупати. Кеша ја извела песната на Saturday Night Live, Шоуто на Елен Деџенерес и на MTV Европските Музички Награди, покрај другите настапи.
Пишување и инспирација
Американскиот рапер П. Диди придонесува вокали во песната. Кеша го нарекла него инспирација за пишувањето на песната.
„Tik Tok“ била ко-напишана од Кеша, Д-р Лук и Бени Бланко и ко-продуцирана од Лук и Бланко.[1] Кеша рекла дека инспирацијата за песната дошла од нејзината полу пијана состојба за време на забава. Таа напишала неколку зборови за песната, потоа следното удтро се разбудила и чекала да ја раскаже приказната некому. Првиот стих дошол од искуство кое таа го доживеала кога се разбудила покрај „убави жени“, што ја натерало да го замисли П. Диди во слично сценарио.[2] Таа подоцна му ја однела песната на нејзината продуцент Д-р Лук и таа била напишана. Четири часа подоцна, Диди му се јавил на Лик и рекол дека треба да направат заедничка песна. Диди отишол во студиото наредниот ден за да додаде вокали во песната и соработката била готова.[3]
Инжинерингот на песната бил направен од Емили Врајт и Сем Холанд во Conway Recording Studios во Лос Анџелес, Калифорнија.[1] Додека Кеша била во студиото со Д-р Лук и Бланко, таа трипати се обидела да рапува на „смешен начин кој го прави бела девојка“.[4] За време на продукцијата на песната, таа сакала да ги смени стиховите во песната бидејќи не ѝ се допаѓал текстот кој не бил ни „смешен ни паметен“, чувствувајќи дека „не чинел.“[5] Таа објаснила, „Помислив дека е само уште една песна, помислив дека е како сите други кои ги имам напишано. Не ни знаев колку беше добра. Сакав да ги сменам стиховите, не мислев дека се ни смешни ни паметни. Помислив дека не чинеше/ Но сите други ја сакаа.“[5] Кеша сепак не напишала нов текст за никоја од песните на албумот. Таа ја објаснила темата на песната за време на интервју, додавајќи дека го прикажувала нејзиниот животен стил,
Ни сме [Кеша и нејзините пријатели] млади и без пари и тоа не е важно. Можеме да најдеме алишта на улица и да одиме изгледајќи фантастично и да бидеме главни. Ако немаме кола тоа не нè допира бидејќи ќе одиме со автобус. Ако не можеме да си дозволиме пијалаци ќе донесеме шишиња во сопствените чанти. Се работи да не дозволувате ништо да ве сруши долу.[6]
„Tik Tok“ е забрзана денс-поп песна која содржи елементи од електропоп во својата продукција и ритам.[7][8] Користи ритам од видео игри[9] поддржан со удари на раце[7] и синтисајзери.[10] Првиот стих на песната започнува со текстот, „Се будам наутро и се чувствувам како П. Диди“, а подоцна, во рефренот, Кеша користи рап стихови.[4][11] За време на песната нејзините вокали се подобрени со Авто-Тон на некои места. Песната исто така содржи два стиха испеани од Диди („Еј, како си девојко?“ и „Да Одиме“).[3][4] Според текстот, песната зборува за „задоволство од пијанство ('Не ми е гајле за светот, но имам многу пиво') со маж ('Ги тепаме во клубот само ако не личат на Мик Џегер').“[7] Според Кеша текстот ја прикажува неа, велејќи „тоа е за мојот живот, 100 проценти е за мене“.[5]
Според листот со музика објавен на страницата Musicnotes.com од Kobalt Music Publishing, песната е поставена во вообичаено време од 120 удари во минута. Напишана е во Де-мол.[11] Ја користи акордната прогресија B♭–C–Dm и вокалите на Кеша се движат од музичката нота од D3 до D5.[11] Музички, песната била споредена со првиот сингл на Лејди Гага, „Just Dance“, поради сличноста во композицијата и со текстот на Ферги поради сличниот рап-стил.[4][12]
Критички прием
„Tik Tok“ била споредена со првиот сингл на американската пејачка Лејди Гага, „Just Dance“ поради сличностите помеѓу нив.
„Tik Tok“ добила неутрални и позитивни критики за време на нејзиното издавање. Келси Пејн од Билборд ја нарекла песната „љубовно писмо до сите ди-џеи насекаде, со удари со раце кои градат крешендо од чист и влијателен денс-поп.“[7] Пејн, наведувајќи на нејзината појава на „Right Round“, напишала дека таа „нуди своја забава и ода за луда вечер во градот“ додека пее за пиење алкохол со маж. Прегледот бил завршен со заклучок дека првиот сингл на Кеша „покажува знак за започнување на забавата.“[7] Џим Фарбер од New York Daily News ја нарекол песната „звук кој е многу сладок за да му одолеете“ кој содржел „синтисајзерски хук“.[13] Фрејзер МекАлпин од BBC, давајќи му на синглот четири од пет можни ѕвезди ја нарекол „валкана мала песна“ која имала „'хит' напишано насекаде околу неа“.[12] МекАлпин забележал сличности со песната на Лејди Гага, „Just Dance“ поради текстот во кој се работи за забави, но заклучил дека „таа прави да звучи смешно.“[12] Били Џонсон, Јр. од Yahoo! ја споредил „Tik Tok“ со хитот од 1980-тите на Л'Трим, „Cars that Go Boom“ и забележал дека Кеша „позајмила од вокалниот стил на Л'Трим за нејзиниот сопствен хит.“[14] Ник Левин од Digital Spy ѝ дал на песната четири од пет ѕвезди, дополнувајќи дека песната ѝ дава различна слика на Кеша но го опишал текстот на позитивен начин.[8] Левин рекол дека користењето на авто-тон било смешно и ја опишал работата на продуцентот Д-р Лук како различен.[8] Прегледот го пофалил рефренот на песната и Левин ја нарекол песната добра на „целосен можен начин.“[8]
Џона Вејнер од Slate Magazine ѝ дал на песната лоша оценка велејќи „песната поставува брод на линија меѓу шармирачки и многу иритантен звук.“ Потоа ја споредил песната со други артисти, велејќи дека „рап стиховите се како дете од прво одделение да ја пее Ферги, дури гордо со своејата постапка.“ Вејнер повторил дека песната изгледала како „Just Dance“, опишувајќи, „девојка се буди пијана, останува пијана наоѓа под за танцување и станува повеќе пијана.“[15] Џон Караманика од The New York Times ја опишал песната како прослава на доцните ноќи и утрата после тоа. Тој забележал дека „некои ја споредиле Кеша со Уфи, која претставува влијателна францускаелектронска музика на издаваќката куќа Ed Banger аи чиј рап постоел неколку години пред Кеша.“ Сепак, тој помислил дека „ако некој треба да се спореди со „Tik Tok“, тоа е Лејди Гага која слуша значителни сличности со нејзиниот хит "Just Dance“ во мелодијата и значењето.“[4] Во 2010, „Tik Tok“ била номинирана за неколку награди. Била номинирана за Најдобро Женско Видео и Најдобро Поп Видео на МТВ Видео Музичките Награди од 2010; двете номинации изгубли на песната од Лејди Гага „Bad Romance“.[16][17]
Настап на табелите
Кеша ја изведува „Tik Tok“ на Much Music Video Awards на 18 јуни 2010.
Во САД, на крајот на неделата од 24 октомври 2009, „Tik Tok“ дебитирала на седумдесет и деветтото место на Билборд Хот 100.[18] Песната бавно се искачувала на табелата и станала првиот број-еден сингл на новата деценија.[19] На крајот на неделата од 27 декември 2009, „Tik Tok“ го срушила рекордот за најголем број продажби во САД, продавајќи 610,000 диигитални примероци, највисокиот рекорд направен од женски артист после „Right Round“ кој продал 636,000 копии на табелата на 28 февруари 2009.[20] Кон крајот на неделата на 6 февруари 2010, песната го постигнала првото место на радиото за Билборд Поп Песни со 11,224 пуштања, станувајќи, во тоа време, најпуштаната песна во седумнаесет годишната историја на табелата срушуваќи рекордот на 10,859 пуштања една недела порано од песната на Лејди Гага, „Bad Romance“.[21][22] Песната останала на првото место на табелата девет последователни недели и кон крајот на 2010, „Tik Tok“ станала број-еден песна на годината на Хот 100.[23][24] Била исто така седмата најпуштана песна на радио во државата и осмата најспуштана песна во годината.[25] Песната добила 5× платина од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка со 5,000,000 копии.[26] Од август 2011, „Tik Tok“ продала преку 6,000,000 легално спуштени копии само во САД, правејќи една од шесте песни кои продале повеќе од шест милиони копии во таа држава.[27]
„Tik Tok“ за првпат се појавила на табелата за синглови во Нов Зеланд на седмото место на 5 октомври 2009.[28] Следната недела се поместила на првото место каде што останала на врвот пет последователни недели.[28] Оттогаш, песната добила 2× платина од Музичкаta Индустриска Асоцијација на Нов Зеланд (RIANZ) за повеќе од 30,000 продадени копии.[29] Во Австралија, песната дебитирала на дваесет и осмото место на ARIA Табелите и го достигнала првото место во третата недела на неделата.[30] Песната била забележана на врвот на табелата осум недели во 2009 и била сместена на деветтото место на годишната табела во Австралија.[30][31]; следната година песната била сместена на дванаесеттото место на годишната табела во 2010.[32] Оттогаш dобила 5× платина од Австралиската музичка индустрска асоцијација (ARIA) за продажби од 350,000 копии.[33] Во Европа, песната дебитирала на триесет и осмото место во Шведска на 23 октомври 2009, а највисоката позиција подоцна станала три.[34] „Tik Tok“ дебитирала на триесет и деветтото место во Данска и достигнала највисока позиција на третото место.[35] Во Норвешка, песната дебитирала на единаесеттото место и подоцна највисока позиција станала третото место.[36] Во Обединетото Кралство, „Tik Tok“ дебитирала на официјалната UK Singles Chart на шестото место на 8 ноември 2009 и после период од три месеци највисоката позиција станала четвртото место на 3 јануари 2010.[37]
Песната за првпат се појавила на табелата во Канада, каде дебитирала на шеесет и седмото место на Canadian Hot 100.[38] Стоела на табелата неколку недели пред да достигне на првото место на крајот на неделата на 21 ноември 2009.[39] Песната останала на врвот на табелата две недели пред да падне на второто место поради песната на Лејди Гага, „Bad Romance“.[40] „Tik Tok“ подоцна повторно го достигнала првото место неколку недели подоцна на 2 јануари 2010 и останала на врвот седум недели со што синглот целосно поминал девет недели на таа табела.[41][42][43] Во 2009, песната била седумдесет и шестата песна која постигнала најголем успех на табелите и го достигнала второто место на годишната табела од 2010 на Canadian Hot 100.[44][45] Синглот добил 7× платина од Канадската Музичка Индустриска Асоцијација (CRIA) за 280,000 продадени копии.[46] Кон крајот на 2010, „Tik Tok“ станалла најдобро продаваната песна од странски артист продавајќи 1,412,653 копии во Јужна Кореја.[47] Песната продала 12.8 милиони диигитални примероци ширум светот во 2010, станувајќи најдобро продаваниот сингл на годината и рушувајќи го рекордот на минатогодишниот најдобро продаван сингл со три милиони копии повеќе од него.[48]
Промоција
Музичко видео
Музичкото видео за „Tik Tok“ било режирано од Синдром.[49] Било снимено во старото соседство на Кеша и колата во видеото е нејзина.[50] Кеша го објаснила видеото велејќи „возбудена сум за него [за видеото] бидејќи го снимав во моето старо соседство и човекот кој ме вози во колата ми е пријател“.[50] Свената која прикажува забава била снимена во куќата на нејзиниот пријател, а тие ја нарекувале „пијан тенк“. Пејачката рекла, „последната сцена на забавата е во куќа наречена пијан тенк, која претставува една од куќите на моите пријатели во кои одевме да имаме забави. Па мислам дека ја сакам бидејќи е супер-искрена и интересна.“[50]
Видеото започнува со Кеша која се буди во бања во дом и излегува од неа за да побара четка за заби. Потоа продолжува долу низ скалите гледајќи ги сликите на ѕидовите. Кеша продожува во кујната и наидува на фамилија која појадува, зачудувајќи ги. Таа се смее и заминува, а фамилијата започнува да ја следи. Кога пристига на шеталиштето таа зема златен велоспиед кој е потпрен на оградата и заминува со него. Кеша потоа сретнува група деца и го заменува нејзиниот велосипед со нивното радио. Видеото потоа прикажува сцена во која таа одбива маж и ја зема маж кој го глуми Симон Рекс[51] кој ја вози во златен автомобил. Полицијата ги допира и ѝ става лисици на Кеша/ Сцената потоа ја прикажува неа како пее во колата на полицијата и ги држи лисиците во нејзините раце. Следната сцена ја прикажува Кеша во празна соба наполнета со сјај. Таа потоа учествува на забава со Рекс за последната сцена. Видеото завршува со сцена во која Кеша легнува да спие во друга бања.[49] Видеото на песната било номинирано на MuchMusic Video Awards за Интернационално Видео на Годината и Вашето Омилено: Интернационално Видео. Двете награди биле изгубени - првото изгубило од песната на Мајли Сајрус, „Party in the U.S.A.“ и второто од песната на Адам Ламберт, „Whataya Want From Me“.[52]
Аврил Лавињ (прикажана на сликата) ја преработила песната за време на акустичен настап во живо.
„Тоа е неверојатно ... Го сакам тоа. ... Израелските танчери танцуваат на 'Tik Tok' и поставена е како отворачка песна за 'Симпсонови' ... [тоа се моите] соништа. Ова беше многу добра година.[63]
Кеша зборува за The Simpsons и пародиите на израелските војници
Пародија на песната била направена од британската комедиска група The Midnight Beast. Пародијата дискутира различни субјекти како гледање на голи тела на жени и затајување нешта од родителите.[64] Откако Кеша дознала за пародијата оставила порака на нејзиниот профил на Твитер: „По ѓаволите. Ова е подобро од мојата верзија.“[64] Издадена на iTunes на 15 јануари 2010,[65] пародијата се искачила на четвртото место на табелите во Австралија и на Ирските Табели.[66][67] „Tik Tok“ била користена во почетната сцена на епизодата на The Simpsons, „To Surveil with Love“, во која секој од глумците ја пеел песната.[63][68] Комичарката Џули Браун направила пародија на песната со синглот „Another Drunk Chick“ на албумот Smell the Glamour (2011). Џарет Виселман од The New York Post изјавил дека тоа претставувала најсмешна преработка на годината.[69] Друга пародија била направена од израелските војници во 2010, која прикажувала шест војници во Хеврон кои одат во пустинска улица и носат целосна војничка опрема,[70][71][72][73] а потоа „Tik Tok“ почнува да се слуша во позадината и војниците изведуваат танцувачки потези.[74][75][76][77][78][79] Ликовите на музичката серија Хор ја извеле песната.[80] Канадската пејачка, Аврил Лавињ извела акустична верзија на песната на BBC's Radio 1.[81]
↑„2010 Digital Chart“. Gaon Chart (корејски). Korea Music Content Industry Association. Посетено на March 21, 2011. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help) To see sales info, click the 다운로드 tab and then select 외국 for foreign sales numbers.
↑„Search Gold Platin for title=Tik Tok“. International Federation of the Phonographic Industry. IFPI.at. Посетено на 2009-05-11. Недостасува права црта во: |title= (help); Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_accessdate= (help)
↑„Kulta- ja platinalevyt“. International Federation of the Phonographic Industry. IFPI. Архивирано од изворникот на 2012-07-09. Посетено на 2010-09-23.