Јохан Фридрих I (изборен кнез на Саксонија)
Јохан Фридрих I (германски: Johann Friedrich I, роден во 30 јуни 1503 во Торгау - починал на 3 март 1554 во Вајмар) — владетел од династијата Ветинци како изборен кнез од Саксонија во периодот од 1532 до 1547 година и војвода од Саксонија во периодот од 1547 до 1554 година. Рани годиниЈохан Фридрих I бил најстариот син на саксонскиот изборен кнез Јохан (1468-1532) и неговата прва сопруга Софија (1481-1503), ќерка на војводата Магнус II од Мекленбург. Јохан Фридрих се оженил во февруари 1527 година во Торгау за Сибилја (1512-1554), ќерка на Војводата Јохан III од Јулих-Клеве-Берг. Јохан Фридрих бил заробен во Битката кај Милберг на 24 април 1547 година од страна на царската војска и на 10 мај осуден на смрт, но по молба на влијателни кнезови казната била заменета со доживотен затвор. Тој ја изгубил титулата изборен кнез и голем дел од своите територии. Од затворот тој дал наредба за изградба на дворец и високо училиште во Јена, кое училиште во 1558 година станало универзитет. По пет години тој бил ослободен на 1 септември 1552 година. Последните години ги поминал во Вајмар и бил наследен од својот брат Јохан Ернест. Јохан Фридрих бил погребан до сопругата Сибилја во градската црква на Вајмар. Протестантската црква неговиот ден го слави на 3 март. СемејствоЈохан Фридрих со Сибилја имале 4 деца:
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia