Јулија Домна
Јулија Домна, позната и како Јулија Дома, (170 – 217) била член на Северската династија дел од Римското Царство. Царица и сопруга на царот Луциј Септимиј Север и мајка на императорите Гета и Каракала, Јулија била позната по своето неверојатно знаење и по огромното политичко влијание. СемејствоЈулија потекнува од сириско семејство од градот Емеса (денес Хомс).[1] Таа била најмладата ќерка на висок свештеник Јулиј Басиан, а нејзина најстара сестра била Јулија Меса. Нејзините предци биле кралски свештеници од познатиот храм посветен на Елагабал (syr. Ilāh hag-Gabal). Семејството било многу богато и било назначено за римска сенаторска аристократија. Пред бракот, Јулија го наследила имотот од нејзиниот чичко по таткова линија, Јулиј Агрипа.[2] ВладеењеКон крајот на 180-те години, Јулија се мажи со идниот император Септимиј Север, за кој се смета дека имал пунско потекло. Бракот бил среќен, а Север ја почитувал својата сопруга и нејзиното мислење о рска со политиката, посебно затоа што таа била многу образована и склона кон филозофија. Имале два сина, Луциј Септимиј Басиан (Каракала) роден во 188 година, и Публиј Септимиј Гета роден во 189 година. Поради нејзината љубов кон филозофијата, Јулија ги штитела филозофите, и помогнала да напредува филозофијата во Рим.[3] ![]() Граѓанската војнаКога Севериј станал император во 193 година (позната како „Година на петте императори“), тој се соочил со граѓанска војна, која ја водел против противниците Пескениј Нигер и Клодиј Албин. Јулија го придружувала кога патувал на Исток, што било невообичаено за тоа време, бидејќи од сопругите се очекувало да ги чекаат своите сопрузи во Рим. Преминот на моќта![]() Како царица, Јулија често била вклучена во сплетки и имала мноштво политички непријатели кои ја обвинувале за предавство и прељуба. Ниедно обвинување не било докажано. Север и натаму ја почитувал својата жена, и инсистирал да го придружува во битките против Бритите, кои започнале во 208 година. Кога Север умрел во 211 година во Еборакум (Јорк), Јулија станала посредник меѓу синовите, Каракала и Гета, кои требало да владеат заедно, според последната желба на нивниот татко. Но браќата никогаш не биле сложни, и често се карале. Истата година, Гета бил убиен од војниците на Каракала. Така, Каракала останал сам да владее, а неговиот однос со мајка му станал многу лош, а некои извори велат дека најверојатно поради убиството на Гета. Сепак, Јулија го придружувала синот во неговите патувања и битките против Партското Царство во 217 година. За време на ова патување, Каракала бил убиен од заседа, од страна на Макриниј. Јулија се самоубила откако чула за побуната,[4][5] иако се смета дека ваквата одлука ја донела затоа што боледувала од рак на дојките.[6] Нејзиното тело било вратено во Рим и положено во посебен гроб од Мавзолејот на Август). Подоцна, нејзините и коските на Гета биле преместени во Мавзолејот на Хадријан, од страна на нејзината сестра Јулија Меса.[7] Подоцна, била обоготворена. Аполониј ТијанскиДа не била Јулија, ние денес малку би знаеле за легендарниот Аполониј Тијански. По наредба на Јулија, Филострат ја напишал денес познатата „Животот на Аполониј Тијански.[8] Се смета дека Јулија можела да ги заврши осумте тома на Филострат.[4] Препорака за читање
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia