БиблијаБиблија (од грчки (τα) βιβλια, ’книги’, множина од βιβλιον, ’книга’, оригинално деминутив од βιβλος, што од друга страна доаѓа од βυβλος, со значење ’папирус’ од античкиот феникиски град Библос, кој го извезувал овој материјал за пишување) — зборник на свети книги. Често се нарекува и Свето писмо, Божјо слово, Божји збор, Божја реч, Божја книга, Света книга, Словото, итн.[1] ![]() Библијата се дели на два големи дела: Стар и Нов завет. Стариот завет, или Танак (תנ״ך) на хебрејски, се смета за света книга на Евреите, додека христијаните ги сметаат за свети и Стариот и Новиот завет. Христијаните ја изучуваат Библијата како своја нормативна книга, која дава насоки за животот. Во неа тие наоѓаат послание од Бога (Слово Божјо). СодржинаБиблијата од времето кога била составена па сè до денес, е една од најпродаваните книги на сите времиња. Според бројот на печатени примероци, Библијата е на прво место во светот според Гинис (пет милијарди).[2][3][4][5] Изворни јазици на кои е напишана Библијата се: хебрејски, арамејски (одредени делови) и старогрчки (коине). Бројот на писатели на Библиските книги изнесува повеќе од 40. Во однос на периодот на составување: првата книга од Библијата, Битие (Создавање; Прва книга Мојсеева), е напишана измеѓу 1445 — 1405 п.н.е. од страна на Мојсеј, а последната книга од Библијата, Откровение, е напишана измеѓу 94 — 96 н.е. од страна на апостол Јован. На следнава табела е прикажано кога и од кој се напишани Библиските книги:[6]
Книгите на Стариот завет се делат на:
Книгите на Новиот завет се делат на:
[7] Библијата е составена од 66 книги, од кои 39 се во Стариот завет, а 27 се во Новиот завет. Кај проширената (православна и католичка) Библија, во Стариот завет има дополнителни 11 книги, таканаречени Девтероканонски т.е. Апокрифни книги, додека пак кај Новиот завет, бројот на книгите е ист и во православните и во католичките и во протестантските изданија на Библијата, а апокрифните евангелија и посланија, не се прифатени од ниту едни христијани.
Овие книги не се прифаќаат како канонски од страна на јудаизмот и Евангелско-протестантските цркви. Причините поради кои Евреите и Евангелско-протестантските цркви не ги признаваат Девтероканонските/Апокрифни книги, се следниве:
Список на Новозаветни апокрифни книги:
Библијата е разнородна збирка од текстови кои настанувале во долг временски период, почнувајќи од 15 век п.н.е.[8] Во Стариот завет е опишан животот на Адам и Ева, Ное, Јов, Авраам, Исак, Јаков, Мојсеј, Давид, Соломон, Пророците како и други личности. Стариот завет претставува завет на Бог со народот Израилев дека ако ги исполнува заповедите Божји ќе биде народ благословен и дека од тој народ ќе се роди Спасителот на Светот, Месијата, Кој ќе биде вечен Цар, и Неговото Царство не ќе има крај. А Новиот завет е Завет на Спасителот Господ Исус Христос дека секој што ќе поверува во Него ќе живее вечно (Јвн. 3:16,36; 8:24), а останатите ќе си ја добијат заслужената казна (вечниот пекол). Секој што верува дека Господ Исус Христос е вистински Бог (Јвн. 1:1-3,14; 5:18,22,23; 8:24; 10:30-33; 14:7-9; 20:26-29; Лк. 5:17-26; Флп. 2:5-8) и не се надева на своите дела за спасение (Рим. 3:20; Еф. 2:8,9), туку на она што Христос го направи на крстот (1 Кор. 5:13; Гал. 3:13), нема да умре, но ќе има живот вечен, а вистинската спасоносна вера секогаш ќе биде пропратена со покајание (Лк. 24:46-48; Мат. 3:8; 4:17; Дела 3:19; 20:21; 2 Пет. 3:9). Покајанието е внатрешно свртување од љубовта за гревот кон живиот Бог (Дела 26:20), со копнеж за прошка (Пс. 51:1,9), за очистување (Пс. 51:2,7,10) и за послушност кон Божјите заповеди (Пс. 119:47,48), а резултатот од таа внатрешна промена ќе биде надворешно видлив (Мат. 7:21; Лк. 3:7-14; 1 Јвн. 2:4). Покајанието означува и спремност да се претрпи сѐ за Христос (Мат. 10:24-39; 16:24-26; Лк. 9:23-25; 14:25-33). Сето тоа, и верата и покајанието, е резултат на нановораѓањето кое само Бог може да го направи (Јвн. 3:3,5; Езк. 36:25-27) - тие се дар од Бога (Еф. 2:8,9; Флп. 1:29; Дела 11:18; 2 Тим. 2:24,25). Библијата учи дека секој човек е грешен (Рим. 3:10-12,23) и дека никој не може да се оправда со своите дела (Рим. 3:20), па затоа Бог Синот (Исус Христос), Кој беше безгрешен (Евр. 4:15; 1 Пет. 2:22; 1 Јвн. 3:5), ја прими казната за сите гревови што некогаш ги извршиле сите вистински верници (минати, тогашни и идни), а Својата праведност им ја припиша на нив (2 Кор. 5:21). Верата е каналот преку кој се припишува Христовата праведност (1 Кор. 1:30; Флп. 3:9; Рим. 3:22,25), и само така човекот може да застане праведен пред Бога и да не биде осуден (Гал. 2:16; Јвн. 3:18; 14:6; Дела 10:43). Добрите дела се резултат на новото срце од Бога и Неговото делување во верниците (Езк. 11:19-20; 36:25-27; 2 Кор. 5:17; Гал. 5:22-23; Флп. 2:13; Јвн. 15:5), а не средство за заслужување спасение (Еф. 2:8-9). Стар заветСтариот завет е составен од 39 книги и се дели на пет основни делови: Книги на Законот (од 1 Мој. до 5 Мој), Историски книги (од Ис.Н. до Ест.), Поетски и поучни книги (од Јов до Песната над песните), Книги на големите пророци (од Иса. до Дан.) и Книги на малите пророци (од Ос. до Мал.). Најстарите книги во Библијата се Петте Мојсееви книги. Главната тема на Стариот завет е историјата на Израел и ветувањето за Месијата, Кој треба да произлезе од Израелската нација — специфично од лозата на цар Давид. Стариот завет започнува со создавањето на универзумот, а завршува околу 400 години пред првото доаѓање на Христос. Текот на историјата низ Стариот завет се движи вака:
Во Стариот завет, израелскиот народ е одбраниот Божји народ преку кого доаѓа Месијата т.е. Христос („Христос — Χριστός“ е старогрчкиот еквивален за „Месија — מָשִׁיחַ“). Ова е еден номадски народ, кој се движел околу Средоземното Море, меѓу Евроазија и Африка, по течението на реките Еуфрат, Тигар и Нил.[8] Татковци на Израелскиот народ се Авраам, Исак и Јаков (Израил), а Авраам потекнува од лозата на Сим, синот на Ное (1 Мој. 10,11). Во Стариот завет се појавуваат околу педесетина различни литературни видови: химни, молитви, историски записи, љубовна поезија, есеи, хронологија на родови, пророштва, реалистични приказни, разни изреки и друго. Приказните раскажуваат за верата, борбите, надежите и поразите на ликовите од еврејската заедница. Втората Мојсеева книга изобилува со чудесни настани: претворање на горката вода во слатка (2 Мој. 15:22-27), стапот во змија (2 Мој. 4:3; 7:10), правење сув пат среде Црвеното Море (2 Мој. 14). Но, најважен дел од оваа книга е моралниот кодекс на однесување или Десетте божји заповеди, кои Мојсеј ги добива на Синајската Гора (2 Мој. 20). Делот наречен Поетски и поучни книги е најинтересен од литературна гледна точка. Содржи пет книги со различни содржини, а најдраматична е Повеста за Јов, во која се зборува за Божјата правда. Јов бил прогласен за „човек непорочен, праведен, богобојазлив и кој го одбегнува злото“ (Јов 1:1,8), и немало друг како него на Земјата. Тој е спореден со Ное и Даниил (Езк. 14:14-20), а исто така е прогласен и за својата духовна издржливост (Јак. 5:11). Тоа не значи дека Јов бил безгрешен (Јов 7:21; 13:26). Библијата вели дека „нема праведен ниту еден… сите згрешија“ (Рим. 3:10,23; сп. Про. 7:20; 1 Јвн. 1:8,10) па затоа „преку делата на Законот пред Него нема да биде оправдан никој“ (Рим. 3:20). Таа вели дека „Му поверува Аврам на Господ, и тоа му се засмета за праведност“ (1 Мој. 15:6) и дека „еден е Бог, Кој ќе ги оправда обрезаните по вера и необрезаните преку вера“ (Рим. 3:30). Верата им се смета за праведност на вистинските верници (Рим. 4:1-12; Рим. 3:22,28). Апостолот Павле им го напишал следново на верниците во Ефес: „По благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји! Не е од дела, за да не се пофали некој“ (Еф. 2:8,9). Но, кога Бог спасува некого, Тој не само што го оправдува грешникот, спасувајќи го од казната за гревот и овозможувајќи му да биде во рајот со Бог, туку го ослободува и од љубовта кон гревот. Затоа вистинската спасоносна вера секогаш ќе биде пропратена со побожност, послушност и добри дела како плод или резултат од спасението — поради тоа во Јак. 2:17 се вели дека „верата, ако нема дела, сама по себе е мртва“. Значи Јов преку верата е прогласен за праведник, бидејќи Исус, на крстот ја зема казната за гревовите на сите вистински верници (Јвн. 10:11; 1 Кор. 15:3; Еф. 5:25), не само на тие од Неговата смрт па наваму, туку и на тие пред Неговата смрт (Рим. 3:25,26; Евр. 9:15), а Својата праведност (безгрешниот живот што го живеел на земјата) им ја припишува на нив преку верата (Рим. 3:22; 2 Кор. 5:21; Флп. 3:9). Таа вистинска спасоносна вера на Јов била пропратена со побожен живот, бидејќи срцето на секој вистински верник е нановородено од страна на Светиот Дух (5 Мој. 30:6; Езк. 11:18-20; 36:25-27; Тит. 3:5; Гал. 5:22-23). Приказната иде вака. Дошол Сатаната кај Бог, и Бог му рекол дали го има забележано Јов, дека е непорочен, праведен и богобојазлив човек, кој се отстранува од злото (Јов 1:6-8). Сатаната одговорил дека причината поради која Јов е таков, е Божјиот благослов врз него: многу имот, здрави деца и заштита (Јов 1:9-10). Но, ако му се одземе сето тоа на Јов, тој ќе Го проколне Бог (Јов 1:11). Тогаш Бог се согласил Сатаната да го искуша Јов, само врз него да не крева рака и да не му ја зема душата (Јов 1:12). Тука почнуваат несреќите за Јов: ја губи стоката и слугите (Јов 1:14-17), а децата му загинуваат (Јов 1:18-19). На сето ова Јов одговара:
Потоа Сатаната повторно оди кај Бога и добива дозвола да го искуша Јов со страшни рани по телото (Јов 2:1-7). После тоа, дури и сопствената жена на Јов му вели да Го проколне Бога и да умре (Јов 2:9). А Јов на тоа ѝ одговара:
И тогаш започнува филозофската расправа за Божјата справедливост меѓу Јов и неговите пријатели. Се изнесуваат разни тврдења за казните на Бога и нивната намена. Во оваа книга, се алудира на следново прашање: „Зошто вистинските верници кои живеат богоугоден живот страдаат? Зошто Бог го дозволува тоа?“. Бог сакаше да го докаже карактерот на вистинските верници, пред Сатаната и сите демони, ангели и луѓе. Бог дозволи Јов да биде искушуван од Сатаната и со тоа ја докажа Својата поента: Без разлика колкаво ќе биде страдањето на верникот или колку неразбирливо и незаслужено изгледа тоа, спасителната вера не може да се уништи! На крајот од приказната, Бог го благословува Јов, и му враќа двојно од сè што изгубил (Јов 42:10-17). Главната реалност на книгата е несфатливата мистерија за невиното страдање на вистинскиот верник. Бог наложил Неговите деца да одат во тага и болка, понекогаш поради: грев (4 Мој. 12:10-12), поправна казна (Евр. 12:5-12), зајакнување (2 Кор. 12:7-10; 1 Пет. 5:10), за откривање на Неговата утеха и благодат, па да можат и самите верници да бидат утешители (2 Кор. 1:3-7). Но понекогаш страдањето на светиите (вистинските верници) е неразбирливо, бидејќи тоа страдање е со небесна цел што луѓето не можат да ја разберат (2 Мој 4:11; Јвн. 9:1-3). Многумина филозофи ја користат оваа Библиска приказна за да расправаат на темата: Божја правда. Кјеркегор и Колаковски пред сè се занимавале со прашањето: „Зошто Творецот, во чии раце стои сè, би му се докажувал на Сатаната?“ Колаковски напишал пародија на ова дело под наслов „Разговори со ѓаволот“, а Гете ја искористил како вовед во својот Фауст. Песна над песните се вбројува меѓу најдобрите поетски остварувања на древните литератури. Таа е во форма на дијалог, и низ седум пеења даден е цел развој на љубовта. За разлика од двете искривени крајности на аскетската апстиненција и похотливата перверзија надвор од бракот, древната љубовна песна на Соломон ја возвишува чистотата на брачната наклонетост и романса. Песната ги засилува и е паралелна со другите делови од Светото Писмо што го прикажуваат Божјиот план за брак, вклучувајќи ја убавината и светоста на сексуалната интимност помеѓу сопругот и сопругата. Песната стои рамо до рамо со другите класични стихови од Светото писмо што зборуваат на оваа тема (1 Мој. 2:24; Пс. 45; Изр. 5:15-23; 1 Кор. 7:1-5; 13:1-8; Еф. 5:18-33; Кол. 3:18-19; 1 Пет. 3:1-7). Посланието до Евреите ја доловува сржта на оваа песна: „Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог“ (Евр. 13:4).
После комплетирањето на Стариот завет, имало одприлика 400 години на тишина, во кои Бог ниту зборел преку некого, ниту пак боговдахновал некого да напише Божјо Слово. Таа тишина прекинала со доаѓањето на Јован Крстител, кој почнал да прогласува дека ветениот Господ и Спасител дошол. Пророците јасно зборувале за Новиот завет (Ерм. 31:31-34; Езк. 36:25-27) и за Месијата, чијашто жртва ќе овозможи Новиот завет да се воспостави (Иса. 9:6-7; 53:1-12). Нов заветНовиот завет е централното писмено свидетелство на христијанството, во кое основната претставена личност е Исус Христос. Содржи 27 книги, и се дели на шест основни дела: евангелија (Матеј, Марко, Лука, Јован), почетоци на христијанската црква (Дела Ап.), писма до конкретни цркви (од Рим. до 2 Сол.), пасторални писма (од 1 Тим. до Евр.), соборни писма (од Јаков до Јуда) и пророчка книга (Откровение). Напишан е на старогрчки јазик (коине), кој во тоа време бил широко застапен, иако Исус и Неговите ученици зборувале арамејски јазик. Главната тема на Новиот завет е Исус Христос (ветениот Месија од Стариот завет) и основањето на црквата. Новиот завет започнува со четирите евангелија: според Матеј, според Марко, според Лука и според Јован, иако тие не се најстарите списи во него.[9] Четирите евангелија го запишуваат Исусовото раѓање, живот, смрт, воскресение и вознесување. Иако евангелијата се занимаваат со истите случувања, тие од различни перспективи го прикажуваат најголемиот и најважниот настан на историјата — доаѓањето на Богочовекот (целосно Бог и целосно човек) Исус Христос. Матеј го гледа низ перспективата на Неговото царство; Марко го гледа низ перспективата на Неговото слугување; Лука го гледа низ перспективата на Неговата човечност; Јован го гледа низ перспективата на Неговата божественост. Книгата Дела Апостолски раскажува за влијанието на животот, смртта и воскресението на Господ и Спасителот — Исус Христос. Во книгата е запишано вознесението Христово, доаѓањето на Светиот Дух, раѓањето на црквата, проповедањето на евангелието од страна на апостолите и нивните помошници. Исто така, запишано е и основањето на цркви во Јудеја, Самарија и Римската Империја. Посланијата, пак, биле напишани до цркви и поединци, за да го објаснат значењето на личноста и делото на Исус Христос. Во нив се застапени и многу Библиски теми и доктрини, како на пример: искупението, оправдувањето, осветувањето, Божјата сувереност и човековата одговорност во спасението, службата на Светиот Дух, плодовите на вистинските христијани, духовните дарови, атрибутите на Бог, божествената природа на Христос итн. Новиот завет завршува со книгата Откровение, која почнува со отсликување на тековната црковна ера, а кулминира со Христовото враќање и воспоставување на Неговото земно милениумско царство, носејќи осуда за неверниците, а слава и благослов за верниците. После Христовото милениумско (илјадагодишно) царство, настапува конечниот суд, па следи вечната состојба. Сите вистински верници (старозаветни и новозаветни) од целата човекова историја, ќе влезат во конечната вечна слава која е подготвена за нив, а сите безбожници ќе бидат испратени во пеколот, на вечна казна. Откровението на Јован Богослов се нарекува уште и апокалипса. Во него авторот ја опишува визијата која Бог му ја дава за конечната победата над злото и смртта. Овој дел од Новиот завет извршил најголема инспирација врз натамошната литература. Инаку, сите елементи од Новиот завет нашле свој одраз во европската уметност: во сликарството, литературата, музиката, скулптурата. Микеланџело, Леонардо, Дирер, Бах и многу други се инспирирале од темите на Библијата воопшто. Библијата како тема во уметноста и во популарната култураБиблијата и библиските мотиви како тема во книжевноста
Библијата и библиските мотиви како тема во филмот
Библијата и библиските мотиви како тема во класичната музика
Библијата и библиските мотиви како тема во популарната музика
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia