Горан Главчев
Горан Главчев (роден на 19 јуни 1993 во Гевгелија) — македонски кошаркар кој настапувал за Академија ФМП. Клупска кариераГоран Главчев ја имал започнато кошаркарската кариера во родниот гевгелиски Кожув кој се натпреварувал во Втората лига.[1][2] Кожув, заедно со Главчев, го освоиле второто место во Втората лига на сезоната 2010/11 и со тоа оствариле унапредување во Првата лига.[3] Горан Главчев, сега како прволигашки играч, продоложил да игра Кожув за во сезоната 2011/12.[4] Во сезоната 2012/13, Главчев со Кожув станал вицепрвак во Лигата.[5] Главчев во Кожув продолжил да игра и во сезоната 2013/14.[6] Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига.[7] Во сезоната 2014/15,[8] Горан како играч на Кожув станал вицепрвак во Купот 2015. Во Кожув останал и во сезоната 2015/16.[9] Сезоната 2016/17 ја започнал во српски Младост од Земун,[10] Но во декември истата година, се вратил во Кожув.[11] Но и таму не останал долго, и во јануари 2017 година, преку новооснованиот клуб Блокотехна, бил пратен во второлигашот Радовиш.[12] Откако Радовиш обезбедил пласман во Првата лига и откако Радовиш му го отстапил местото на Блокотехна, Главчев се вратил во новиот прволигаш за идната 2017/18.[13][14] За сезоната 2018/19, Главчев продолжил во редовите на Блокотехна.[15] Со Блокотехна, Главчев ја освоил Балканската лига 2018/19. Истата сезона, Главчев со Блокотехна станал вицепрвак во Купот 2019. Во јули 2019 година, во Горан Главчев се преселил во Работнички за сезоната 2019/20.[16][17] Во февруари 2020, Главчев се преселил во Академија ФМП.[18] Успеси
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia