Драге Ристески

Драге Ристески
Роден 1922 година
Карбуница, Кралство СХС
Починал 30 мај 1943 година
Невестински Гроб, Лопушник, Кралство Албанија
Народност Македонец

Драге Кирев Ристески (прекар: Драге Карбуничанец) ( 1922 во Карбуница30 мај 1943[1] во Невестински Гроб) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Животопис

Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Како млад симпатизер на народно ослободителното движење, во пролетта 1943 година, тој станал член на СКОЈ и меѓу првите заминал во партизанското прифатилиште во Лопушник каде учествувал во основањето на Кичевско-мавровскиот партизански одред на 21 мај 1943 година. По неколкуте дејствија, Одредот се судрил против балистите во Лопушник кај месноста Невестински Гроб, во кој судир Драге бил смртно погоден. Тој е првата жртва на Одредот.[2]

Поврзано

Наводи

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 697.
  2. 2,0 2,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 106.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya