Ен Бронте
Ен (Ана) Бронте (англиски изговор: /ˈbrɒnti/)[2][3] (Anne Brontë) (17 јануари 1820 – 28 мај 1849), е англиски романописец и поетеса, наjмлада од трите сестри Бронте. Најдобро позната по роман Станарката на замокот Вајлдфел (1848). Животопис![]() Ен Бронте е родена во селото Торнтон во Јоркшир, Англија, како најмлада од шест деца.[5] Нејзината мајка, Марија Бранвел Бронте, умрела од рак во 1821 година,[6] откако семејството се рпеселило во Хаворт, каде татко ѝ добил работно место свештеник. Додека била дете, нејзините две сестри, Марија и Елизабета, умреле од туберкулоза, што влијаело врз нејзиното пишување подоцна во животот. Двете нејзини сестри, Шарлота и Емили, исто така биле писателки. Заедно со сестрите во 1846 година издала збирка поезија под машки псевдоними. Псевдонимот на Ен бил "Acton Bell". Напишала два романа: Агнес Греј (1847) и Станарката на замокот Вајлдфел (1848) Ен се образувала дома, најмногу музика и цртање. Нивната тетка ги подучувала сестрите како се води домаќинство, но нив повеќе ги интересирала литературата.[7] Библиотеката на татко им била извор на знаење за нив. На петнаесет годишна возраст, Ен првпат заминала од дома на школување, и била решена да учи.[8][9] Останала во училиштето две години, и добила медал за добро однесување во декември 1836 година, а дома се враќала само за празници и летен распуст. Во 1839 година, една година откако го напуштила школото, на возраст од 19 години, Ен барала работа како учителка. Како ќерка на сиромашен свештеник, морала да заработува за живот. Во април 1839 година, Ен почнала да работи како гувернанта, близу Мирфелд.[10] Децата биле разгалени, и Ен не успеала да ги образува, па семејството било незадоволно од нејзината работа. Ен потоа влегла повторно како гувернанта во друго семејство, каде работела до 1845 година.[11] Во јули 1848 година со сестрата Шарлот, Ен заминала за Лондон, за да договорат издавање на книга со издавачот Џорџ Смит. Брзо по смртта на нејзиниот брат Бранвел и сестрата Емили во зимата 1848 година, Ен Бронте починала по долга болест и неуспешно лечење на туберкулоза. Закопана е на црковните гробишта „Сент Мери“. Романи
Поезија
Литература
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia