Квалификации за Светско првенство во фудбал 2022 - КОНКАКАФ Трета рундаТретата рунда на квалификациите за Светското првенство во фудбал 2022 - КОНКАКАФ, наречена Октагонал (за осумте репрезентации кои учествуваат) се одиграла од септември 2021 до март 2022 година.[1][2] Канада (се квалификувала за прв пат од 1986 година), Мексико и САД се квалификувале за Светското првенство во фудбал 2022, додека Костарика се пласирала во плеј-офот меѓу конфедерациите. Во оваа рунда биле елиминирани Панама, Јамајка, Ел Салвадор и Хондурас. Натпреварот на 16 ноември 2021 година помеѓу Канада и Мексико, одржан во Едмонтон, бил најстудениот натпревар одигран во историјата на мексиканскиот фудбал, кој започнал на -9 °C со силна снежна бура претходниот ден.[3] Натпреварот го гледале 2,1 милиони гледачи во Соединетите Држави на денот на неговото оригинално емитување, со што станал најгледаниот спортски настан на Телемундо од финалето на Копа Америка во 2019.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia