Фудбалска репрезентација на Мексико
Фудбалската репрезентација на Мексико го претставува Мексико на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Мексико. Таа е членка на ФИФА од 1929 година и се натпреварува како член на КОНКАКАФ конфедерацијатата од 1961 година, како еден од нејзините основачки членови. Од 1946 до 1961 година, таа била член на НАФК, која била конфедерација претходник на КОНКАКАФ и управното тело на фудбалот во Северна Америка во тој период, а исто така била член и на ПФК, обид за обединета конфедерација на Америка. Досега, Мексико се квалификувал на седумнаесет Светски првенства и се квалификувал на секое последователно од 1994 година, што го прави една од само шестте земји што успеале да го сторат тоа.[1] Мексико, исто така, го одиграле првиот натпревар во историјата на Мундијалите на 13 јули 1930 година, губејќи со 4-1 од Франција на отворањето на првото првенство. Најдобриот пласман на Светските првенства на Мексико е четвртфиналето до кое стигнале во 1970 и на 1986 година, и на двете како домаќин. Тие, исто така, ќе бидат домаќини, по трет пат, на Светското првенство 2026. Мексико е историски најуспешната репрезентација во својата конфедерација, освојувајќи 13 континентални титули на КОНКАКАФ, во кои се вбројуваат 12 КОНКАКАФ првенства/КОНКАКАФ Голд купа и еден КОНКАКАФ куп. Исто така, двапати го освоиле НАФК првенството, еден Куп на северноамериканските нации и два златни медали на игрите на Централна Америка и Карибите. Таа е една од осумте репрезентации[б 1] кои освоиле две од трите најважни светски фудбалски натпреварувања кои се признати и одобрени од ФИФА (Светско првенство, Куп на конфедерации и Олимпискиот фудбалски турнир), откако го освоиле Купот на конфедерации 1999[2] и Олимпискиот турнир во 2012 година. Иако Мексико е под јурисдикција на КОНКАКАФ, репрезентацијата била поканета во 1993 година да учествува на Копа Америка, кое е главното континентално натпреварување на КОНМЕБОЛ (конфедерацијата на Јужна Америка), и оттогаш редовно учествуваат. На Копа Америка освоиле две втори места (1993 и 2001) и уште три пати го освоиле третото место. ИсторијаПочетоциФудбалот во Мексико првпат бил организиран на почетокот на 20 век од европски имигрантски групи, особено рудари од Корнвол, Англија, а во подоцнежните години и од прогонети шпанци кои бегале од Шпанската граѓанска војна. Првиот натпревар на репрезентацијата бил одигран на 9 декември 1923 година, на Parque España во Мексико Сити, победувајќи ја Гватемала со 2–1, што бил првиот натпревар од серијата меѓународни пријателски натпревари одиграни против Гватемала. Вториот натпревар одигран на 12 декември го добил Мексико со 2–0, а последниот натпревар од серијата, одигран на 16 декември, завршил нерешено 3–3.[3] Селектор на овој тим бил Рафаел Гарса Гутиерес.[3] Поминале уште четири години пред репрезентацијата да одигра некој друг меѓународен пријателски натпревар. Мексико се соочил со Шпанија, ремизирајќи 3–3 на 19 јуни 1927 година. За време на оваа серија, тимот играл и против клубови како Насионал Монтевидео, од кого загубиле со 1–3.[4] Формирање и првите настапи на меѓународни натпреварувањаВо 1927 година, било основано првото официјално владејачко тело во Мексико. Олимписки фудбалски турнир 1928 било првото официјално меѓународно натпреварување на Мексико, каде што тие загубиле од Шпанија со 1–7 во осминафиналето.[5] Потоа, Мексико учествувале на инаугуративното Светско првенство 1930 во Уругвај, каде се нашле во група со Аргентина, Чиле и Франција. Токму тие и го отвориле ова првенство, нешто што мексиканците ги направило особено горди е токму тоа што учествувале во првиот натпревар во историјата на Светските првенства, иако со пораз од 4-1 од Франција, во кој првиот гол за Мексико на Светските првенства го постигнал Хуан Карењо.[6] Во нивниот втор натпревар, Мексико загубиле од Чиле со 3-0. Третиот натпревар на Мексико, против Аргентина, донел повеќе возбудувања, а мексиканците го добиле првиот досуден пенал на турнирот кој бил реализиран од Мануел Росас, иако Мексико подоцна го загубиле овој натпревар со резултат 6–3.[7] По Втората светска војна![]() Мексико не учествувал на друго Светско првенство до 1950. И покрај тоа, што бил најсилниот тим во Северноамериканската фудбалска конфедерација и потоа во нејзиниот наследник, КОНКАКАФ, Мексико се мачел да има поголемо влијание на Светските првенства пред 1970 година и му било тешко да се натпреварува против екипите од Европа и Јужна Америка. Сепак, овој период донел еден рекорд на голманот Антонио Карбахал, кој станал првиот играч кој се појавил на пет последователни Светски првенства.[8] Во 1965 година, Мексико го освоил КОНКАКАФ првенството 1965, со што за првпат станал континентален шампион. ![]() Мексико бил домаќин на Светското првенство 1970 и го започнал турнирот со реми без голови против Советскиот Сојуз, проследено со победа од 4–0 над Ел Салвадор. Мексико се пласирал во следната рунда со победа против Белгија, а во четвртфиналето, тие биле елиминирани од Италија, губејќи со 4–1. Мексико не успеал да се квалификува за Светското првенство 1974 во Западна Германија, но успеале во 1978, каде сепак искуството траело кратко откако претрпеле три порази: 0–6 од Западна Германија, 1–3 од Тунис и со идентичен резултат од Полска. Последователно, Мексико не успеа да се квалификува за Светско првенство 1982. Во 1986 година, Мексико по втор пат бил домаќин на Светско првенство. Под водството на Бора Милутиновиќ, Мексико бил сместен во групата Б каде ја совладале Белгија со 2–1, ремизирале 1–1 со Парагвај и го совладале Ирак 1–0. Со освојувањето на првото место во својата група Мексико се пласирале во следната рунда каде што ја совладале Бугарија со 2–0. Во четвртфиналето, Мексико загубиле од Западна Германија со 1–4 по изведување пенали, откако натпреварот завршил без голови 0–0. Со тоа, го изедначиле најдобриот нивен резултат од пред 14 години кога исто така биле домаќини. 1990-титеМексико биле дисквалификувани од Светското првенство 1990 (и останатите меѓународни натпреварувања) откако користеле играчи над пропишаната возраст за време на квалификациите за Светското младинско првенство 1989, познато како "Cachirules" скандал. Казната се применувала на сите национални претставници на Мексико на сите турнири откако државата била санкционирана од ФИФА.[9] Во 90-тите години, откако го ангажирале селекторот Сесар Луис Меноти, мексиканскиот фудбал започна да доживува поголем меѓународен успех. На Копа Америка 1993 тие го освоиле второто место, губејќи го финалето од Аргентина со 2-1. На Светското првенство 1994 во САД, Мексико ја освоил својата група, завршувајќи пред Италија, Ирска и Норвешка. Сепак, Мексико загубил во осминафиналето од Бугарија на пенали. На Светското првенство 1998, Мексико бил сместен во група со Холандија, Јужна Кореја и Белгија. Мексико го добил својот почетен натпревар со 3-1 против Јужна Кореја, а потоа стигнале два гола негатива против Белгија во ремито 2-2, за на крајот против Холандија да одиграат со истиот резултат, квалификувајќи се за нокаут-фазата како втори во својата група со 5 бода колку што имала и првопласираната Холандија. Во осминафиналето, Мексико загубил со 2-1 од Германија, иако први постигнале гол преку нивниот најдобар стрелец на турнирот (со 4 гола) Луис Ернандес. Во 1999 година, Мексико го освоиле нивниот прв официјален меѓународен турнир организиран од ФИФА, станувајќи првата земја-домаќин која го освоила Купот на конфедерации, победувајќи го Бразил со 4–3 во финалето.[10] ИграчиМоментален составСоставот на Мексико на Копа Америка 2024.
РекордериИграчи со најмногу настапи![]()
Играчи со најмногу постигнати голови![]()
Настапи на турнириНастапи на Светските првенства
КОНКАКАФ Голд куп
Копа Америка
Олимписки игри
Нотес
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia