Мајоран
![]() Мајоранот или Origanum majorana е многугодишно растение и полугрмушка со вкус на сладок бор и цитрус. Се нарекува и сладок мајоран, јазлест мајоран и Majorana hortensis. Името мајоран (старофранцуски majorane, средновековен латински majorana) не води директно потекло од латинскиот збор maior (главен).[2] Мајоранот се одгледува поради своите ароматични листови, свежи или суви, за кулинарски потреби; врвовите од растението се сечат кога растението цвета и се сушат полека на сенка. Често се користи во комбинација со зачините Herbes de Provence и Za'atar. ОдгледувањеМајоранот се одгледува поради ароматичните листови, кои се користат при готвење, свежи или суви. Листовите се сечат кога растението почнува да цвета, и се сушат во сенка. Во кулинарството често се користи во комбинација со други ароматични тревки при подготовка на супи, чорби, сосови, или за чај,[3] а се користи и за подготовка на есенцијално масло. Содржи многу хемиски компоненти, меѓу кои борнеол, камфор и пинен. Може да се одгледува во градина или во саксија. Како зачин најчесто се користи при подготовка на јагнешко месо, јадења од сирење, а се додава и при подготовка на домашните колбаси.[4] Етерично масло од мајоранЕтеричното масло од мајоран се користи како аналгетик, анафродизијак, антиепилептик, антиоксиданс, антиспазмотик, антисептик, диуретик, седатив, и друго. Маслото може да се употреби преку инхалација, бањање, масажа, или да се стави директно на отоци. Се користи за намалување на болка, подобрување на варењето, има антихипертензивно дејство, и го зајакнува нервниот систем и друго.[5] Како хомеопатски лек се користи против женски болести. Во големо количество може да предизвика наркотична состојба со појава на халуцинации. Сродни видови
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia