Мечките (науч.Ursidae) — семејство на цицачи кои се одликуваат со големо тело, моќни екстремитети, густо крзно и кратка опашка. Мечките живеат во Северна Америка, Јужна Америка, Европа и Азија, каде опстојуваат на различни живеалишта, како планини, шуми и арктичка дивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен лов и нарушување на нивната животна средина.
Сите мечки, со исклучок на некои популации од очилни и сончеви мечки, живеат северно од екваторот. Мечките денес не можат да се најдат во Африка, Австралија или Антарктикот. Сите мечки делат слична анатомија, но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, белите мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со фоки, додека сончевите мечки живеат во азиските дождовни шуми и се хранат со инсекти, овошја, ореви и мали животинки. Со тежина од преку 800 кг, белите мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини, сончевите мечки, кои ретко надминуваат 66 кг.
Биологија
Заби
За разлика од останатите животни кои спаѓаат во редот Ѕверови (Carnivora), забите на мечките се адаптирани за исхрана која е составена претежно од растително потекло. Имаат широки очници (кучешки заби), и рамни катници. Компзицијата на забите е варијабилна дури и помеѓу мечки од ист вид. Ова ни укажува дека мечките се сѐ уште во процес на еволуција од месојади во животни кај кои во искраната доминираат растенијата.
Презимување
Се претпоставува дека повеќето мечки од северните региони хибернираат преку зимата. Иако многу видови ја поминуваат зимата во длабок сон, сепак тоа не е вистинска хибернација. За време на вистинска хибернација, температурата на телото паѓа на ниво приближно на надворешната температура и ритамот на срцето е драматично намален, но животните повремено се будат за да јадат од складираната храна, и да извршат физиолошки потреби (уринирање и дефекација). За разлика од овие животни, телесната температура на мечките паѓа само неколку степени под нормалната и ритамот на срцето е многу малку намален. Тие не сте будат за време на оваа „хибернација“, што значи дека не јадат, не пијат, не уринираат и не вршат дефекација за време на целиот овој период, и не ја напуштаат пештерата. Сепак се случува мечките да се разбудат од зимскиот сон, доколку се нападнати или во случај кога мајката раѓа младенчиња.
„Сајмон Смит и неверојатната мечка што танцува“ (англиски: Simon Smith And The Amazing Dancing Bear) - песна на американската поп-рок музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1972 година.[20]
„Сакам да бидам мечка“ (англиски: I Wanna be a Bear) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[21]
Наводи
↑Крилатиот лав (црнечки приказни). Детска радост, Скопје, 1954, стр. 12-14.