По завршувањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Ристановски станал дел на Македонскиот народен театар во 1994 година. Првата професионална претстава во Македонскиот народен театар му била „Жорж Данден“, во режија на Бранко Ставрев, по што следувала улогата во „Снежана и седумте џуџиња“ на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски. Две години подоцна, Ристановски блеснал со улогата во култната претстава „Буре барут“.
Во текот на својата кариера, Ристановски играл во 41 претстава и во 15 филмови при што освоил 28 награди, со што тој е најнаградуваниот македонски глумец. Најмногу соработувал со Александар Поповски (10 претстави и 3 филма), а најмногу настапи имал во претставата „Буре барут“ (над 150 настапи). Исто така, Ристановски имал богата кариера и во странство, каде што играл во популарните и наградувани претстави „Господа Глембаеви“ и „Дервишот и смртта“.[2][3] Во 2016 година, Ристановски настапил во филмот „Игла под прагот“ на црногорскиот режисер Иван Мариновиќ.[4]
Награди
Награда на ревијата Екран за најдобро глумечко остварување за улогата на Раскољников во претставата „Злосторство и казна“ (1994);
Награди за најдобро глумечко остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп за улогите на: Управникот во претставата „Бунт во домот за старци“ (1994);
Доктор Фалус, Лулу, Шејтанот во претставата „Маме му ебам кој прв почна“ (1997)
Лопахин во претставата „Вишновата градина“ (1998).
Награда за најдобро глумечко остварување за улогата во претставата „Дон Жуан“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп (2006);
Награда „Златен ловоров венец“ за најдобро глумечко остварување за улогите во претставите „Дон Жуан“ и „Никаде никого немам“ на фестивалот МЕС Сараево (2006);
Награда за најдобро глумечко остварување за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“ (Народен театар Белград) на Фестивалот „Стериино позорје“ (2009),
Награда за најдобар глумец на ИССТФ - Риека, Хрватска, за улогата на Ахмед Нурудин во претставата „Дервишот и смртта“ (Народен театар Белград), за истата претстава ги добил и наградите за најдобар глумец на „Ардалион“, Ужице, Србија (2009)
награда за најдобар глумец на Фестивал во Пожаревац, Србија.
Награда за најдобар глумец на Меѓународниот фестивал на мали сцени (ISSTF) – Риека, Хрватска (2010)
Награда „Св. Ардалион“ на Театарскиот фестивал во Ужице (2010)
Награда „Раша Плаовиќ“ – Белград, Србија (2009)
Награда „Зоран Радмиловиќ“ на Фестивал во Заечар, Србија (2009)
Награда „Зоранов БРК“ на Фестивал во Заечар (2009)
Награда за најдобар глумец на Фестивалот „Стериино позорје“, Нови Сад, Србија (2009)
Награда за најдобар глумец на Фестивалот „Петар Кочиќ“ – Бања Лука, Р.Српска/Босна и Херцеговина (2009)
Награда за најдобар глумец на Фестивалот на БиХ драма – Зеница, Босна и Херцеговина (2009)
Награда за најдобар глумец на Фестивалот „Јоаким Вујиќ“ – Крагуевац, Србија (2009)
Награда за најдобар глумец на Фестивалот во Пожаревац, Србија (2009).
Награда „Златен делфин“ за најдобар глумец во рамките на „Босфорскиот филмски фестивал“ во Истанбул (за улогата во филмот „Игла под прагот“).[4]
Награда за најдобра машка улога на фестивалот во Нови Сад за претставата „Народен непријател“ (2022)
Награда Гран при за најдобра машка улога во претставата „Народен непријател“ (2022)
Награда „Александар Лифка“ на Фестивалот на европскиот филм „Палиќ“ во Србија (2023)
Награда „Борислав Станковиќ“ на 43. Меѓународен театарски фестивал „Борини театарски денови“ за најдобра машка улога за улогата на др. Стокман во претставата „Народен непријател“ (2023)