Панко Стамкоски
Панко Стамкоски (1938 - 10 јули 2007) — демократ, активен член на поткомитетот на ДООМ, во Мелбурн, и потпретседател на координативниот одбор на ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ, за дијаспората.[1] ЖивотописСо група деца бегалци и со членови од своето семејство, при завршувањето на Граѓанска војна во Грција, се населил во Скопје, НР Македонија. Талентот за драмска уметност му донел вработување во Народниот театар на Македонија, во Скопје, каде со групата на познатиот глумец Петре Прличко, учествувал во разни театарски претстави, во 1950-те години, и патувал со подвижниот театар низ републиката. Семејството Стамкоски, се преселило во Мелбурн, Австралија, во 1962 година. Активност во АвстралијаВо Австралија, Панко Стамкоски активно ја пропагирал меѓу македонските иселеници идејата за создавање на суверена македонска држава и одвојување од Југославија. Во почетокот на 1980-те, се поврзал со Народна македонска револуционерна организација (НМРО) од Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија, и заедно со емигрантите од пиринскиот дел на Македонија, Крсто Јанчев Димитров, Ѓорги Чочков и други, го издаваат списанието „Глас на Македонците”. Панко Стамкоски, во првата половина на 1980-те, оформува македонски неделен весник „Македонија”, што го уредува до крајот на својот живот. Покрај редактирање на весникот „Македонија”, ја превел старата изворна карта на цела Македонија, која била изработена во Франција, во минатиот век, а пуштена во продажба од Божин Павловски. Панко бил поборник за македонска историја која започнува од античкиот период. На 16 и 17 мај 1981 година, во Мелбурн, Австралија, Панко Стамкоски организирал конференција на која присуствувале претставници од повеќето македонски организации во Австралија, и на која учествувал и претставник на поткомитетот на ДООМ од Европа. Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia