Рудолф I (војвода на Саксонија-Витенберг)
Рудолф I (германски: Rudolf I, роден во 1284 - починал во 12 март 1356 во Витенберг) — владетел од династијата Аскани како војвода од Саксонија (1298-1356), изборен кнез од Саксонија (1355-1356) и рајхсмаршал на Светото Римско Царство (1298-1356). Рани годиниРудолф I потекнувал од династијата Аскани од Саксонија-Витенберг. Тој бил син на изборниот кнез и рајхсмаршал Албрехт II (починал на 25 август 1298) и неговата сопруга Агнес (1257-1322), која била сестра на римско-германскиот крал Албрехт I од династијата на Хабсбурговците. УправувањеПо смртта на неговиот татко на 25 август 1298 година, Рудолф I бил уште малолетен. Од страна на својата мајка во 1290 година го добил како наследство округот Брена, кои биле најпрвин управувани од неа. Во тоа време таа го испратила на воспитување кај својот брат Албрехт I и како регентка на Саксонија-Витенберг била до 1302 година. На старите жители во неговата територија тој го забранил употребата на словенскиот јазик и под влијание на неговата мајка започнал прогонување на Евреите од Витенберг. Во 1340 година тој ја изградил палата Витенберг. Во 1308 година по убиството на неговиот чичко Албрехт I тој својот глас на 27 ноември 1308 година му го доделил на грофот Хајнрих VII од Луксембург и му помогнал со пари и војска. Така Рудолф ја стекнал поддршката на идниот цар на Светото Римско Царство. Рудолф I починал на 12 март 1356 година во Витенберг, каде најпрвин бил погребан во францисканската црква но во 1883 година бил преместен дворската црква. СемејствоВо 1298 година се оженил со Јута (Бригита) од Бранденбург, ќерка на маркгроф Отон V од Бранденбург. Тие имале осум деца:
На 28 август 1328 година се оженил со Кунигунда од Полска (1298; † 9 април 1333), ќерка на кралот Владислав I Локетек од Полска. Со неа имал едно дете:
Во 1333 година се оженил со Агнес од Линдов. Тие имале три деца:
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia