Цар на Светото Римско Царство![]() Цар на Светото Римско Царство (латински: Romanorum Imperator) или Римско-германски цар (германски: Römisch-deutscher Kaiser) или поразговорно „свет римски цар“ — владетел на Светото Римско Царство по системот на изборна монархија. До XV век морал да биде крунисан од папата пред да ја добие титулата. Во феудалната хиерархија на средновековна Европа, царот бил „прв меѓу еднаквите“ (primus inter pares) во однос на останатите католички владетели. Поимот „свето Римско Царство“ со кое владеел царот се однесува на неговиот формален статус како заштитник на римокатоличката вера. Титулата е наследена од времето на германските владетели на Западното Римско Царство, чија вистинска црковна власт замрела со подемот на папството. НаследувањеНаследувањето на престолот зависело од повеќе сложени фактори и било само делумно изборно. Советот на изборни кнезови се состоел од седум владетели (тројца архиепископи и четворица световни кнезови). Ваквата постава траела сè до 1648 г., кога е примен уште еден за да се запази рамнотежата помеѓу католиците и протестантите по Триесетгодишната војна. Во 1690 г. е создадено уште едно место, а во 1803 г. е направена темелна промена во целиот совет, три години пред распадот на царството. Список на царевиОва е хронолошки список на цареви, подредени по династии. Цареви пред Отон IИсториографијата во минатото ги земала царството на Каролинзите и Светото Римско Царство како една целина. Денес се смета дека Светото Римско Царство е создадено во 962 г. Пред тоа, владетелите ја носеле титулата „Цар на Западот“: Каролинзи
Гвидони
Каролинзи
Бозониди
Унрохинзи
Помеѓу 924 и 962 г. немало цар. Цареви на Светото Римско ЦарствоОтони
Салијци
Суплинбурговци
Хоенштауфеновци
Велфовци
Хоенштауфеновци
Луксембурговци
Вителсбаховци
Луксембурговци
Хабсбурговци
Вителсбаховци
Лотаринговци
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia