Руфче Спасеноски

Руфче Тофилов Спасеноски ( 1920 во Пополжани1945 во Врпоље) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Потекнувал од селско семејство, кое претежно се занимавало со земјоделие. Во есента 1944 година, тој стапил во единиците на НОВ во составот на Петнаесеттата македонска бригада. Со Бригадата, тој учествувал во борбите за ослободувањето на Кичево и Струга, а потоа во составот на Петнаесеттиот македонски корпус, заминал на Сремскиот Фронт. Загинал во борба против Германците, кај Врпоље во април 1945 година.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 116.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya