Ѓорѓи МарјановиќЃорѓе Марјановиќ (6 мај 1939 - 2 април 2022) — професор по кривично право, почесен претседател на Лигата за демократија и дисидент од времето на комунизмот. Роден е во Стара Моравица, Србија. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962. Магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата: "Правните последици на осудата". Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата "Правната положба на осуденикот по издржаната казна". Сиот работен век, освен приправничкиот стаж (1962-1964) во Основниот суд-Скопје II, го поминал на Правниот факултет во Скопје: асистент (1965-1974); доцент (1974-1979); вонреден професор (1979-1985) и редовен професор (1985-2001). За време на комунизмот професионално се ангажирал за слобода на уверувањето, совеста, мислата и нејзиното јавно изразување, покренувајќи го прашањето за укинување на некои тогаш мошне проблематични инкриминации:
Марјановиќ е член на Форумот за човекови права на Македонија од неговото основање. По воведувањето на повеќепартискиот систем ја основа и е избран за претседател на првата опозициона партија во Македонија - Лига за демократија (од 21 ноември 1989 година, кога ја напишал нејзината политичка платформа). На чело на партијата е до 2006 година, кога по парламентарните избори, се повлекува од функцијата претседател на Лигата за демократија. Познат е по своите колумни во „Дневник“, а по локалните избори 2005 година е советник во Советот на град Скопје. Дела
Марјановиќ има преведено дела од германски (Карл Маркс „Осумнесеттиот бример на Луј Бонапарта“ и „Откритија за процесот на комунистите во Келн“; Г. Кајзер, „Криминологија“) и француски јазик (Антоан де Сент-Егзипери „Земја на луѓето“; Марсел Пруст „Во потрага по загубеното време“).
|
Portal di Ensiklopedia Dunia