Ѓорѓи Скопјанчето
Ѓорѓе Ристиќ (Пеќ, 6 август 1881 — Ниш, 27 јануари 1911), наречен Скопјанчето, бил српски четнички војвода, кој делувал во Стара Србија и Македонија ЖивотописЗавршил гимназија во Скопје, а потоа се запишал во Подофицерска школа во Белград во 1904. Откако се стекнал со чин наредник, ја преминал српско-турската граница, и започнал со четникување. Поради покажана храброст, во 1905 година стекнал звање војвода. Учествувал во битките на Гуглин, Петралица и Челопек во 1905 година. Негов реон била кумановската околина, каде често се судирал со бугарскиот војвода Крста Коњушки. Умрел од последица на долготрајното четникување, и нарушено здравје поради долго живеење на отворено при лоши временски услови.[1][2] Закопан е во Ниш, каде му е подигнат споменик во 1913 година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia