Јабланица
Јабланица — висока планина во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од реката Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро. Местоположба и правец на протегање![]() Јабланица е втора по големина планина во западната Шарска област[1]. По сртот на планината се протега македонско-албанската граница, при што источната падина е во Македонија, а западната падина од планината лежи во Албанија. Планинскиот гребен е повисок од 2.000 м за приближно 50 км, а највисокиот дел, сместен во самото средиште на планината, е висок 2.257 м.Највисок врв е Црн Камен, со 2.258 м. Врвови повисоки од 2.000 м се: Стрижак (2.233 м), Крстец (2.186 м) и Чумин Врв (2.125 м). До планината може да се стигне преку Вевчани што се наоѓа на подножјето на планината. Оддалечена е 14 км од Охридското Езеро и градот Струга. На Македонија ѝ припаѓаат источните планински страни, а западните на Албанија. Се протега во меридијански правец од север кон југ со должина на планинското било од околу 35 км, а најголемата широчина во Македонија изнесува 7,5 км. На македонска страна зафаќа површина од 255 км2. Јабланица ужива популарност кај планинарите, кои често ја посетуваат. Покрај тоа, на планината се гради и скијачки центар.[2] Градба и геологијаОва е млада венечна планина, образувана со тектонските олигомиоценски движења[1]. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци кои се во падината, а преку нив лежат тријаски варовници[1]. Во релјефот доминираат високи врвови, пространи површини, длабоки речни долини, карстни и фосилни леднички облици. За време на ледениот период, високите делови биле зафатени со интензивна глацијација. Трагите од глацијацијата се претставени со пет фосилни циркови во кои се наоѓаат четири леднички езера: Вевчанско, Подгорско и Горно и Долно Лабунишко. РесурсиПланината е богата е со вода, а меѓу изворите најпознати се Вевчанските. Од рудно богатство има јаглен кај селото Пискупштина. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia