Јагелонска библиотека
Библиотечниот фонд изнесува 6,603,824[1]. Библиотката има сопствена колекција на стари ракописи. Задача на библиотеката е и документацијата и средувањето на нелегалните текстови од времето на социјализмот. Историја![]() Историјата на библиотеката е директно поврзана со историјата на Јагелонскиот Универзитет, па од таму за датум на нејзино основање се смета 1364 година[2]. До денес се зачувани кодексите користени во XIV век. Долг период даровите од професореите и учениците библиотеката ги собираше во посебни оддели и колегиуми. Најголемиот дел од нив, пред сè од областа на теологијата и слободните уметности, се наоѓање во Колегиум Мајус. Таму исто така по реновирањето во XV и XVI век библиотеката доби посебни соби. До 1940 година зградата Колегиум Мајус беше седиште на Јагелонската Библиотека. Во XVI фондот на библиотеката постојано се зголемуваше сè до XVII и XVIII век кога се појави криза. На спас на библиотеката и на универзитетот им дојде Хугон Колонтај од Народната Комисија за Образование. По негова иницијатива целиот фонд на библиотеката беше собран на едно место и библиотеката пеше претворена во јавна и универзитетска. Исто така на библиотеката и беше доделена парична помош за одржување на фондот од 1926 ракописи и 32 000 книги во тоа време. Периодот на поделбата на Полска не беше добар ни за библиотеката. Но и покрај тоа се успеа да се доградат нови простории и да се уреди библиотечниот фонд. Подемот на библиотеката во XIX и XX век е заслуга на Карол Естрајхер, творецот на Полската Библиографија, кој се грижеше пред сè за зголемување на бројот на книги на полски јазик. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia