Јаглеводород![]() Јаглеводород е секое органско хемиско соединение кое се состои од елементите јаглерод (С) и водород (Н). Сите јаглеводороди имаат јаглероден скелет (или ’рбет) и водородни атоми сврзани за тој скелет. Повеќето јаглеводороди согоруваат. Примери на јаглеводородиНајпростиот јаглеводород е метанот (нарекуван и барски/руден гас), јаглеводород со еден јаглероден атом и четири водородни атоми: CH4. Етанот е јаглеводород (поконкретно алкан) кој се состои од два јаглеродни атоми сврзани заедно со единечна хемиска врска. На двата С-атоми во етанот има сврзано по три водородни атоми: C2H6. Пропанот има три јаглеродни атоми (C3H8), а бутанот има четири јаглеродни атоми (C4H10). Три типови на јаглеводородиПостојат три основни типови на јаглеводороди:
Број на водородни атомиБројот на водородните атоми кај јаглеводородите може да се дознае доколку бројот на јаглеродните атоми е познат, со користење на формулите:
Секој од овие јаглеводороди мора да го задоволува правилото на 4 водородни атоми кое гласи дека сите јаглеродни атоми мораат да го поседуваат најголемиот број на водородни атоми (границата е четири). Еден јаглероден атом има сврзувачки капацитет 4 и затоа мора да остварува 4 врски, без разлика на тоа дали ќе сврзува водороден или друг јаглероден атом. Треба да се забележи и дека додатна врска отстранува 2 водородни атоми од молекулата и само заситените јаглеводорди можат да ја остварат полната четворка. Ова се случува како резултат на единствените позиции на јаглеродните четири електрони.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia