Јанка Атанасова

Јанка Атанасова
Родена Јанка Атанасова
19 декември 1935
Дебар, Кралство Југославија
Починала 1980
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање балерина

Јанка Атанасова (19 декември 1935 во Дебар1980 во Скопје) — македонска балерина.

Животопис

Јанка Атанасова завршила на Балетското училиште во Скопје во класата на Ѓорѓи Македонски и Нина Кирсанова.[1]

Од 1950 до 1961 година била член на Балетот при МНТ. Подоцна, станала член на Народното позориште во Белград (1961-1980).[1]

Јанка била изразито лирска балерина со добра класична балетска техника и убава развојна линија на движењето.[1]

Починала во Скопје во 1980 година.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Атанасов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 100. Text "series " ignored (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya