Јонски Острови
![]() Јонските Острови (современ грчки: Ιόνια νησιά; старогрчки: Ἰόνιοι Νῆσοι; италијански Isole Ionie) — група на острови во Грција. Тие традиционално се нарекуваат „Ептаниса“, т.е. „седумте острови“ (грчки: Επτάνησα или Επτάνησος; италијански Eptaneso), но групата вклучува многу помали острови освен седумте главни. Седумте се, од север кон југ:
Шесте северни острови се на западниот брег на Грција, во Јонското Море. Седмиот остров, Китира, е на јужниот врв на Пелопонез, јужниот дел на грчкото копно. Треба да се земе предвид дека Китира не е дел од периферијата на Јонските Острови, бидејќи спаѓа во периферијата Атика. Историја![]() ![]() Македонско и римско владеењеВо 4 век п.н.е. островите, како и поголемиот дел на Грција, биле вклучени во Коринтскиот Сојуз кој пак бил под хегемонија на Македонија. Тие останале под контрола на македонската држава и нејзините вазали сè до 146 п.н.е. кога Балканскиот Полуостров бил анексиран кон Рим. Кога крстоносците од Четвртата крстоносна војна - француските нови владетели на Римската Империја (позната во историската наука како Латинска Империја) и Венецијанците, кои се натпреварувале со императорските Римјани за контрола на средоземната трговија - го направиле планот за римските територии помеѓу самите себе, Венецијанците ги добиле Крф и Пакси, и исто така Китира, која што ја користеле како попатна станица за нивната поморска трговија со Левантот. Кефалонија и Закинтос станале Регионален Палатинат Кефалонија и Закинтос сѐ до 1357, кога овој ентитет бил припоен кон Лефкада и Итака за да стане Војводство Лефкада под француски и италијански војводи. Кога Палеолозите го вратиле Константинопол во 1261, тие накратко ослободиле и дел од островите, но Венецијанците постепени го зголемиле нивното влијание. Земјотресот од 1953Островите биле погодени од особено силен земјотрес, со јачина 7,1 степени, на 12 август 1953. Оштетувањето на градбите било големо и јужните острови Кефалонија и Закинтос биле во суштина срамнети со земја. Островите биле преизградени од темел во текот на следните години, по строги градежни (асеизмички) правила. Новите правила на градба се покажале екстремно ефективни, бидејќи повеќето земјотреси оттогаш немаат предизвикано воопшто штета на новите објекти. ДенесДенес сите острови се дел од периферијата на Јонските Острови, освен Китира, која е дел од периферијата Атика. Крф има 113.479 жители (вклучувајќи ги и Пакси), Закинтос 38.680, Кефалонија 39.579 (вклучувајќи ја Итака), Лефкада 22.536, Итака 3.052, Китера 3.000 и Пакси 2.438. Во скорешните декади островите изгубиле голем број од нивното население поради емиграцијата и падот на нивните традиционални дејности: рибарството и маргиналното земјоделство. Денес нивното најважно занимање е туризмот. Особено Крф, со прекрасното пристаниште, глетки и голем број сликовити рушевини и замоци, е омилено одредиште за крстаречките бродови. ДемографијаПопишаното население на Јонските Острови, со исклучок на Китера, во 2011 година било 207.855, намалено за 1,50% во споредба со населението во 2001 година. Сепак, регионот останува трет по густина на населеност со 90,1/км2 на национално ниво, многу над националното од 81,96/км. Најнаселен од главните острови е Крф со население од 104.371 жители, потоа Закинтос (40.759), Кефалонија (35.801), Лефкада (23.693) и Итака (3.231).[2] Населението родено во странство било во 2001 година 19.360 или 9,3%, од кои мнозинството било концентрирано на Крф и Закинтос. Најголем дел од нив потекнуваат од Албанија (13.536).[3] Стапката на раѓање за 2011 година според Евростат била 1,35 живородени деца по жена во текот на нејзиниот живот.[4] Поголеми заедници
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia