Централна Грција
Централна Грција или Средна Грција (грчки: Στερεά Ελλάδα) — една од тринаесетте периферии на Грција. Таа е поделена на префектурите Евбеја, Евританија, Фокис, Фтиотис и Беотија. Централна Грција е централниот регион на Грција, на север од Атика и Пелопонез и на исток од Западна Грција и на југ од Тесалија и Епир. Регионот е еден од најпланинските во Грција. Климата на Централна Грција е умерена вдолж брегот и сува во внатрешноста. Градови во секоја префектура: (Префектурите се со задебелени букви) Евбеја: (грчки: Εύβοια)
Евританија: (грчки: Ευρυτανία)
Фокида: (грчки: Φωκίδα)
Фтиотида: (грчки: Φθιώτιδα)
Беотија: (грчки: Βοιωτία)
|
Portal di Ensiklopedia Dunia