Јонче Стефаноски

Јонче Стефаноски
Роден 1909 година
Карбуница, Битолски Вилает, Османлиско Царство
Починал 20 ноември 1943 година
Карбуница, Кралство Албанија
Стрелан од албанските балисти.
Народност Македонец

Јонче Ангелев Стефаноски ( 1909 во Карбуница20 ноември 1943 во Карбуница) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОБ за борците и активистите од Карбуница, меѓу кои е ѝ Јонче Стефаноски.

Животопис

По занимање бил земјоделец. Уште во крајот на 1941 година и почетокот на 1942 година, тој бил активен во народно ослободителното движење и член на Народноослободителниот одбор во селото. Во текот на 1942 година, тој учествувал во дејството против спахилакот во селото, а како активен член на КПМ станал член на Реонскиот комитет. Неговата активност се состоела во организирање и испраќање борци во Одредот. Одржувал врска со позадинците во градот и вршел други партиски задачи. Во ноември 1943 година, кога балистите го заробиле целиот Реонски комитет, фатен бил и Јонче и на 20 ноември, тој бил стрелан по долги малтертирања и испитувања заедно со другите членови на Комитетот.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 122.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya