Диме Стефаноски

Диме Стефаноски
Роден 1906 година
Карбуница, Битолски Вилает, Османлиско Царство
Починал 20 ноември 1943 година
Карбуница, Кралство Албанија
Стрелан од страна на албанските балисти.
Народност Македонец

Диме Ангелев Стефаноски ( 1906 во Карбуница20 ноември 1943 во Карбуница) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОБ за борците и активистите од Карбуница, меѓу кои е ѝ Диме Стефаноски.

Животопис

По занимање бил земјоделец. Веднаш по окупацијата, се определил за борба против окупаторот. Станал активен член на КПМ од почетокот на 1942 година. Учествувал во акциите против собирањето на спаилакот во селото, а во 1943 година непосредно раководел со еден магацин за оружје. Бил секретар на Реонскиот комитет и кога во ноември 1943 година, бил фатен целиот Реонски комитет од селото, Диме бил стрелан заедно со своите другари.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 121.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya