Теодорос Пангалос
Теодорос Пангалос (грчки: Θεόδωρος Πάγκαλος; 17 август 1938 - 31 мај 2023) — грчки политичар и поранешен вицепретседател на Владата на Република Грција, задолжен како координатор на Советот на министерството за надворешни работи и одбрана (KYSEA).[2]. Пангалос во политичкиот живот на Грција се вклучил во 1967 година, против воената диктатура, и во 1968 година, кога воената хунта го лишела од грчкото државјанство. Во 1981 година бил избран за пратеник на Грчкото собрание од страна на партијата ПАСОК. Во периодот од 1996 до 1999 година бил Министер за надворешни работи на Република Грција. Тој во 1999 година поднел оставка од министерската функција, откако курдскиот националистички водач Абдула Оџалан, илегално влегол и ја напуштил Грција и на крајот бил уапсен при напуштањето на грчката амбасада во Најроби. Починал на 31 мај 2023 г. на возраст од 84 години.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia