Јужно свињоопашесто макаки
Јужно свињоопашесто макаки (науч. Macaca nemestrina) — вид примати од семејството на старосветските мајмуни (Cercopithecidae). Во Македонија, примероци од ова животно можат да се видат во Зоолошката градина во Скопје.[2] ОписОвој мајмун достигнува тежина од 5 до 15 кг. По боја се светлокафеави; грбот е потемен, а долните делови од телото се посветли. Имаат кратки опашки, кои ги држат полудигнати слично како свињите, што е причината за нивното именување. Поведение и екологијаИако се претежно наземни, овие мајмуни се вешти и по дрвата. За разлика од највеќето примати, обожаваат вода. Живеат во големи групи, денски поделени на помали состави кога трагаат по храна. Во исхраната се сештојади, хранејќи се претежно со овошје, семки, бобинки, житарки, габи и безрбетници. Меѓу мажјаците владее хиерархија заснована на сила, а меѓу женките — според наследноста. Така, ќерката на доминантната женка веднаш станува поважна од сите други женки во групата. Доминантната женка ја предводи групата, додека мажјаците имаат задача да се справуваат со судири во групата и да ја бранат од надворешни опасности. Пловата зрелост ја достигнуваат на возраст од 3 до 5 години. Бременоста трае околу 6 месеци. Женката раѓа по едно младенче на секои две години. Доењето престанува на возраст од 4 до 5 месеци. Живеалиште и распространетостОва макаки живее претежно во дождовни шуми на надморска височина до 2.000 метри, но знае да шета и по плантажи и градини.[3] Се среќава на јужната половина на Малајскиот Полуостров (и преминува во најјужниот дел на Тајланд), како и на островите Борнео, Суматра и Банка.[4] Галерија
Наводи
Библиографија
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia