Јулијана Величковска

Јулијана Величковска
Родена Јулијана Величковска
1982
Скопје, Македонија
Занимање македонска писателка, преведувачка, уредничка.

Јулијана Величковска (родена во 1982 година во Скопје) — македонска писателка, преведувачка и уредничка.

Животопис

Величковска дипломирала на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа е основачка на издавачката куќа ПНВ Публикации.[1]

Творештво

Величковска е авторка на книгите:[1] монографијата „Дваесет години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), поетската збирка „Комарци“ (2010, ПНВ), романот „Годишни времиња“ (2014, ПНВ Публикации) [2] и стихозбирката „Отворена книга“ [3] (2017, ПНВ Публикации)

Нејзиниот роман „Годишни времиња“ во април 2017 г. бил објавен и на бугарски јазик од издавачот „Ерго“ од Софија.

Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, во Србија, во Чешка, во Грција, во Италија и во Колумбија, во две антологиии на современата светска поезија, едната издадена во Кина, а другата во Албанија, како и во две антологии на куси раскази, објавени во Македонија. Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]

Таа е членка на организацискиот одбор на поетската манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Основач е на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје. Соосновач е на Скопскиот поетски фестивал.

Јулијана Величковска има преведено околу 20 поетски збирки од англиски, хрватски, црногорски и руски јазик.

Нејзините песни се препеани и објавени на дваесетина светски јазици, меѓу кои: англиски, италијански, германски, шпански, кинески, грчки, чешки, албански, турски, и др.

Учествувала на бројни поетски читања низ Македонија и Европа.

Наводи

  1. 1,0 1,1 Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 365.
  2. Годишни времиња.
  3. Отворена книга.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 281-284.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya