Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале

„Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале“ — збирка епски народни песни посветени на Крале Марко, објавена во 1967 година од издавачкото претпријатиеКултура” од Скопје, во рамки на библиотеката „Детска радост“. Изворот и редакцијата на песните ги направил Јован Бошковски. Книгата била задолжителна лектира за учениците од петто и шесто одделение во основното образование.[1]

Технички одлики

Книгата е отпечатен во 1967 година, во печатницатаКиро Димитровски Дандаро“, во тираж од 20 000 примероци. Нацртот на корицата е дело на Димитар Кондовски, технички уредник бил Христо Христовски, лектурата ја извршила Лидија Ежова, а коректор бил Владо Георгиевски. Книгата има 90 страници.[1]

Содржина

Збирката содржи 16 епски народни песни за Крале Марко, како и поговор, со наслов „Марко Крале - јунак над јунаци“, напишан од Кирил Пенушлиски. Во книгата се застапени следниве песни:[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya