Љупчо Димовски
Љупчо Димовски (9 април 1959 во Велес) — македонски политичар, генерален секретар на СПМ и поранешен министер за земјоделство во периодот 2009–2014.[1] Димовски дипломирал на економскиот факултет во Скопје. ЖивотописЉупчо Димовски е искусен политичар и економист. Тој е роден на 9 април 1959 година во Велес. Неговата кариера опфаќа повеќе од три децении работа во различни области, вклучувајќи економија, финансии и јавна администрација. Димовски го завршува високо образование на Факултетот за економски науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што специјализира областа на меѓународните финансии, банкарство и финансиско-сметководствено работење. Неговата професионална кариера започнува во 1987 година во „Технометал - Вардар” а.д. – Скопје каде работи како комерцијален референт. Преку својата работа тој брзо напредува и станува помошник директор на Секторот за електротехнички стоки. Од 1998 до 2004 година, работи и како генерален директор на „Електронска индустрија - Скопје”. Во 2004 година Димовски се приклучува на компанијата „Ball Packaging Europe – Belgrade” како самостоен советник - координатор за комерцијално работење. Истата година, исто така, започнува да работи и како стручен советник за организационо-програмски активности во СПМ – Скопје. Од 2005 до 2008 година е генерален директор и на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило” – Скопје, каде што управува со сите активности на претпријатието. Неговата политичка кариера започнува во 2008 година кога стана заменик министер за транспорт и врски. Во 2009 година, пак, е назначен за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, позиција која ја извршува до 2014 година. Од 2014 година до 2024 година Димовски е пратеник во Собранието на Република Македонија. Љупчо Димовски е активен член во различни одбори и организации, вклучувајќи го и Извршниот Комитет на OIV - The International Organisation of Wine и Комитетот СЕЕТО (Транспортна Опсерваторија на земјите од Југоисточна Европа). Љупчо Димовски течно говори шпански, англиски и српски јазик. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia