Љу Јендунг
Љу Јендунг (кинески: 刘延东, пинјин: Liú Yàndōng; р. ноември 1945) — вицепремиер на Кина и член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, поранешен член на Државниот совет. Со пензионирањето на Ву Ји, Љу станала највисокорангирана жена во партијата и една од вкупно две жени во Политбирото.[1] Младост и образованиеРодена е во градот Нантунг во покраината Ѓангсу и дипломирала хемија на универзитетот „Цингхуа“ во 1970 г. Во 2009 г. добила почесен докторат по правни науки од универзитетот во Стоуни Брук во САД. Политичка кариераВлегла во политиката со ангажман во Сојузот на комунистичката младина. Од 2002 до 2007 г. била на функцијата Началник на Обединетиот фронт — организација за усогласување на останатите партии во Кина со државната политика на КПК. Како долгогодишен соработник на тогашниот претседател Ху Ѓинтао, во 2007 г. стапила во XVII Политбиро на Комунистичката партија на Кина. На Националното народно собрание во 2008 г. е избрана за член на Државниот совет. На XVIII Собрание во 2012 г. е избрана за член на XVIII Политбиро на КПК. Во 2013 г. на пленарната седница на XII Собрание е назначена за вицепремиер во кабинетот на Ли Кеќанг. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia