Сузана Алимивна Џамаладинова (кримскотатарски: Susana Alim qızı Camaladinova; украински: Суса́на Алі́мівна Джамаладі́нова; руски: Суса́на Али́мовна Джамалади́нова, родена на 27 август 1983 година), подобро позната под името Џамала (кримскотатарски: Camala, украински: Джама́ла; руски: Джама́ла) — украинска пејачка и глумица. Таа ја претставувала Украина и победила за време на Евровизија 2016 со песната "1944".
Џамала го зборува рускиот јазик како мајчин и таа исто така има одлично познавање на англискиот јазик кој го научила како адолесцент. Иако таа напишала неколку песни на кримскотатарски, таа нема одлично познавање на јазикот.[10]
Нејзините родители биле разведени околу четири години за нејзината мајка да може да купе куќа во Крим за семејство под нејзиното моминско име.[8] За време на овој период, советските власти не дозволувале етнички Кримски Татари, како нејзиниот татко, да купуваат имот во Крим.[8]
Кариера
2010-15: Рано творештво
Џамала била љубител на музиката од нејзиното рано детство. Таа за првпат професионално снимала музика на возраст од девет, пеејќи 12 народни и детски кримскотатарски песни. Таа студирала на музичкиот колеџ Симферпол[11] и подоцна дипломирала од Националната музичка академија на Украина како оперски пејач, но претпочитала кариера во поп-музиката.[12]
Џамала давајќи автобиографија за обожавател на црвениот тепих на третиот годишен филмски фестивал на Одеса на 13 јули 2012 година.
На 14 февруари 2010 година, таа го објави нејзиниот прв сингл "You Are Made of Love" од нејзиниот деби студиски албум For Every Heart. Таа го објави "It's Me, Jamala" како втор сингл на 18 октомври 2010 година. На 23 ноември 2010 година, таа го објави синглот "Насмевка" како трет сингл од албумот. На почетокот од 2011 година, таа зема учество во Евровизија со песната "Насмевка". Песната беше омилена на публиката и Џамала успеа да добие место во финалето на натпреварот. Сепак, таа подоцна одлучи да се повлече од натпреварот. На 12 април 2011 година, таа го објави нејзиниот деби студиски албум For Every Heart преку Moon Records Ukraine. На 8 ноември 2012 година, таа го објави "Јас те сакам тебе" (руски: «Я Люблю́ Тебя́») како водечки сингл од нејзиниот втор студиски албум All or Nothing.
Таа го објави "Hurt" како втор сингл, а "Кактус" (украински: «Ка́ктус») беше објавен на 6 март 2013 година како трет и последен сингл од албумот. Таа го објави All or Nothing на 19 март 2013 преку Moon Records Ukraine. На 25 септември 2014 година таа го објави синглот "Збунета" (украински: «Заплу́талась») како водечки сингл од нејзиниот деби EP Thank You кој беше објавен на 1 октомври 2014 година преку Enjoy Records. На 26 март 2015 година, "Очима" беше објавен како водечки сингл од нејзиниот трет студиски албум. "Патот до дома" (украински: «Шлях додо́му») беше објавен како втор сингл на 18 мај 2015 година. На 15 јуни 2015 година, "Здив" (украински: «По́дих»), беше објавен како трет сингл. Таа го објави нејзиниот албум Здив на 12 октомври 2015 година преку Enjoy Records.
2016 година: Пробив
Џамала за време на Евровизија во 2016 година.
Џамала успешно ја претстави Украина за време на Евровизија 2016 година со песната "1944".[13] Во песната таа пее за присилната депортација на кримските татари во 1944 година и особено за нејзината прабаба, која ја загубила својата ќерка додека била депортирана до Средна Азија.[11][14][15] Џамала ја напишала песната во 2014 година.[12] Во второто полуфинале од натпреварот, Џамала заврши на 14-то место и беше една од десетте учесници кои биле квалификувани за големото финале. Беше објавено подоцна дека таа заврши на второ место, добивајќи 287 бода и дополнително освојувајќи 152 бода.[16] На 14 мај 2016 година, Џамала победи на натпреварот со 534 бода.[17] Песната на Џамала била сметана од страна на руските медиуми и пратеници за критика на руската анексија на Крим во 2014 година и "постојаната војна меѓу Русија и Украина" во Донбас.[18][19] Поради оваа причина беше најавено дека никои други знамиња освен официјалното знаме на земјата-учесник нема да бидат дозволени во арената за време на Евровизија. Ова вклучувало забрана за знамиња како кримскотатарското знаме да бидат во публиката и само украински знамиња биле дозволени за нејзините кримскотатарски поддржувачи.
По нејзината победа на Евровизија, таа беше наградена со титулата Народен уметник на Украина од страна на украинскиот претседател Петро Порошенко.[20]
На 17 мај 2016 година, Порошенко објави дека украинското министерство за надворешни работи ќе ја номинира Џамала за амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.[21]
Личен живот
На 26 април 2017 година, Џамала стапила во брак со Бекир Сулејманов.[22][23] Нивната врска стана позната во септември 2016 година, кога таа се појави со него на Менхетенскиотфилмски фестивал.[22] Двојката се венча во Исламскиот културен центар на Киев користејќи ја традиционални свадбена церемонија Никах.[22] Сулејманов неодамна дипломирал од одделот за физика и математика на Киевскиот универзитет и е активист за муслиманската[24] кримска татарска заедница.[22]
Во ноември 2017, Џамала објави дека таа и Сулејманов го очекуваат нивното прво дете заедно.[25] На 27 март 2018 година беше роден нивниот син Емир-Рахман Сејт-Бекир огли Сулејманов.[26]